Насловна / Вести / ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ – тема во новата емисија од проектот „Градиме да трае“

ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ – тема во новата емисија од проектот „Градиме да трае“

Нова емисија од проектот ГРАДИМЕ ДА ТРАЕ на НАША ТВ, со тема „ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ“.

Најавена за петок со почеток од 20:30 часот и реприза во недела 14:00 часот.

Гости соговорници:

г-дин Андреа Серафимовски, Претседател на Здружението за градежништво, индустријата за градежни материјали и неметалите.

г-дин Иван Пешевски, Претседател на Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање  СГИП

Последните промени  во Законот за работни односи останаа замрзнати- без јавни расправи и без дијалог меѓу работодавачите, синдикатот и владата. Градежниот сектор силно ги чувствува последиците: недостаток на работна сила, неизвесни договор за работниците со работодавачите, и неизвесни договори помеѓу компаниите и джавата. Останува нерешено прашањето за недела неработен ден. Како ова влијае врз платите, безбедноста и  работните услови на градилиштата? Зошто колективниот договор е неопходен  во градежништвото и ко се црвените линии на синдилатот во преговорите за новиот закон и како да се зголеми продуктивноста на работниците? Дали бенифицираниот стаж за ризичните професии во градежништвото ќе ги задржи  градежните работници во земјата и дали е потребна поголема контрола на увозот на странска работна сила?

Но пред се, владата треба да обезбеди договори и работа за македонските градежни компании како главни изведувачи на капиталните проекти.

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ЗНААТ!

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ МОЖАТ!

Испрати коментар

Scroll To Top