Груша граѓани на Општина Гацко, доставиле петиција до локалната власт против предложената изградба на соларна електрана на површина од над 200 хектари. Истакнуваат дека таа постројка не смее да заземе земјоделско земјиште. Локалниот парламент едногласно ги поддржал граѓаните. Градоначалникот истакнува дека компанијата која стои зад оваа инвестиција вредна околу 90 милиони евра нема ниту еден вработен. Тој додал дека секоја инвестиција е добредојдена во општината, но дека мора да се води сметка да се заштити земјоделското земјиште, а ваквите проекти да се градат на парцели соодветни за тоа. Петицијата има 1.700 потписи. Општина Гацко се наоѓа во источна Херцеговина, а на последниот попис од 2013 година имала нешто помалку од 9 илјади жители.

Инаку,локалното население и организациите активни во областа на заштитата на животната средина, веќе блокирале проекти за два ветерни паркови во Босна и Херцеговина. Загриженоста за животната средина и земјоделството исто така и во Бугарија во изминатите неколку години ги организираше локалните заедници против низа контровернзи инвестиции во производство на електрична енергија од обновливи извори.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија