Насловна / Арт и дизајн / ЕУ се заканува на Венециското биенале поради учеството на Русија

ЕУ се заканува на Венециското биенале поради учеството на Русија

61. Биенале на уметност во Венеција -In Minor Keys, поставено од покојната кураторка Koyo Kouoh ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година.

Организаторот на фестивалот дозволи отварање на рускиот павилјон, но комесарите на ЕУ за култура и технологија ја оценија одлуката како неприфатлива.

Организацискиот одбор на Биеналето минатата недела објави дека се спротивставува на „секаков вид цензура на културата и уметноста“ и дека затоа руски уметници ќе бидат поканети на фестивалот.

Европската комисија се закани дека ќе го прекине финансирањето на Венециското биенале по одлуката да им дозволи учество на уметници од Русија.

„Државите членки, институциите и организациите мора да дејствуваат во согласност со санкциите на ЕУ“, изјавија во вторник вечерта комесарите на ЕУ за култура Глен Милкалеф и технологија Хена Виркунен.

Според нив одлуката на Биеналето повторно да го отвори рускиот павилјон не е во согласност со „колективниот одговор на ЕУ на бруталната агресија“.

Доколку Фондацијата на Биеналето дозволи учество на Русија, Комисијата ќе „разгледа понатамошни мерки, вклучително и суспендирање или прекинување на трајните грантови“ за фестивалот, се вели во соопштението.

Италијанското Министерство за култура, исто така, изрази противење на одлуката на Биеналето, додека Москва ја поздрави како „доказ дека руската култура не е изолирана“, објави Политико.

Венециското биенале се одржува секоја втора година и е закажано да трае од мај до ноември 2026 година.

На Русија учеството на биеналињата 2022 и 2024 година де факто и беше забрането поради конфликтот во Украина.

Земјата се враќа на сцената откако ја повлече планираната изложба во 2022 година, кратко по избувнувањето на војната во Украина. Во 2024 година, Русија ѝ го позајми својот национален павилјон на Боливија. Оваа година планира да ја постави изложбата „Дрвото е вкоренето на небото“, изложба на повеќе од 50 млади музичари, поети и филозофи од Русија и други земји.

Испрати коментар

Scroll To Top