Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве поканува на стручно предавање насочено кон техничко-технолошките аспекти на современото болничко градежништво. Со оглед на брзиот развој на дигитализацијата, болниците денес претставуваат најкомплексните објекти од аспект на интеграција на системи, енергетска ефикасност и специфични функционални барања.
Темата на предавањето е: „Влијанието на новите технологии и дигитализацијата врз болничката инфраструктура на ниво на зграда, системи и простории“.

Целта е да се анализира како дигиталните технологии влијаат врз техничките нормативи и стандардите за проектирање. Ќе бидат обработени специфични теми поврзани со:
- Архитектонско планирање – Реорганизација на просторот во амбулантите, оперативните блокови и интензивната нега согласно новите технолошки текови.
- Инсталации и системи (МЕП) – Дигитализација на системите за вентилација, климатизација и специфични барања за радиолошка дијагностика и лаборатории.
- Специјализирани простории – Технички решенија за „паметни“ болнички соби и современи стерилизациски центри.
- Операциони сали – Интеграција на аудио-визуелни системи, роботика и заштита на чувствителната електронска опрема во хибридни сали.

Со присуството на овој настан, ќе стекнете нови сознанија за современите инженерски решенија кои ја дефинираат иднината на здравствената инфраструктура во нашата земја.
Информации за настанот:
Дата и час: 19 март 2026 година, во 12 часот
Место на настанот: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
Број на слободни места: 80
ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот > РЕГИСТРАЦИЈА
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија