Насловна / Архитектура / Денот на Комора ОАИ и доделување на наградите

Денот на Комора ОАИ и доделување на наградите

Прославата на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери ќе се одржи во петок, 19 декември 2025 година со почеток во 17.00 часот. Ова е прилика за сите чинители од професионалната заедница да се сретнат на едно место за да ги обележат значајните достигнувања, како заеднички, така и индивидуални преку доделување на годишните награди во знак на благодарност, почит за творештвото и препознавање на професионалните достигнувања во градежништвото во земјава и пошироко на заслужните членови на Комората.

Почнувајќи од 2013 година, Комората традиционално доделуваше четири именувани награди, но почнувајќи од оваа година е воведена петта именувана награда која има за цел да ги опфати и одделенијата со помал број членови.

Комората ги доделува следните именувани награди:

  • Проф. Борис Чипан, дипл.инж.арх – награда за АРХИТЕКТУРА;
  • Проф. д-р Александар – Цане Ангелов, дипл.град.инж. – награда за ГРАДЕЖНИШТВО;
  • Проф. д-р Илија Черепналковски, дипл.маш.инж. – награда за МАШИНСТВО;
  • Проф. д-р Станимир Јовановски, дипл.ел.инж. – награда за ЕЛЕКТРОТЕХНИКА;
  • Проф. д-р Миле Димитровски, дипл.маш.инж. – награда за одделенијата со помал број членови.

Наградата има цел да биде поттик и јавна афирмација на трајните вредности, втемелени во делата и мислите на архитектите и инженерите, а заради промоција на професионалната и општествена улога за годината што изминува.

Датум: 19 декември 2025 година

Време: 16.30 – 19.30 часот

Локација: Сала на Комора ОАИ

Испрати коментар

Scroll To Top