Енергетскиот сектор на глобално ниво се развива со голема брзина, што доведува до отворање на нови работни места – речиси два пати побрзо отколку генерално во економијата. Сепак, извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA) предупредува дека недостатокот на квалификувана работна сила во клучни области може да го загрози понатамошниот развој на секторот.

Извештајот World Energy Employment 2025 покажува дека вработувањето во енергетиката ширум светот во 2024 година достигнало 76 милиони луѓе, што е за над пет милиони повеќе во однос на 2019 година. Секторот електрична енергија предводи по растот на вработеноста, сочинувајќи три четвртини од вкупното зголемување на бројот на работни места во последно време. Сепак, се предвидува дека растот на вработувањата во енергетиката ќе успори во 2026 година, поради недостигот на квалификувана работна сила, но и засилените трговски и геополитички тензии. Извештајот тоа го потврдува и со истражувањето Energy Employment Survey IEA, според кое повеќе од половината од 700 компании, синдикати и образовни институции, пријавиле критични препреки во вработувањето, кои можат да ја успорат изградбата на енергетската инфраструктура, да ги одложат проектите и да ги зголемат трошоците. Посебно загрижува намалувањето на работната сила во клучните технички занимања, како електричари, оператори на постројки и сл. Проблемот дополнително се влошува и поради стареењето на работната сила. Со цел да се намали јазот во вештините, до 2030 година потребно е да се зголеми бројот на работници за 40%. Тоа би значело дополнителни 2,6 милијарди долари годишно за образование и обука на работниците за вештините кои се потребни во енергетскиот сектор.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија