Ако сакате драстично да го намалите нивото на бучава во вашиот дом и да ја подобрите вашата благосостојба, тогаш треба да размислите за предностите на ПВЦ прозорците со висока звучна заштита.

Секој ден сме опкружени со многу звуци. Без разлика дали доаѓаат од аеродроми, автопати, фабрики или железници. Оваа бучава или познато и како звучно загадување, генерира стрес кој пак не е без последици. Некои од нив ни се добро познати, тоа се раздразливоста, слабата концентрација и кардиоваскуларните заболувања. Затоа, очигледно е дека таквото надворешно звучно влијание не треба да ги пробива границите на нашиот дом.
Но, како може да се мери бучавата? Единицата што се користи за мерење на гласноста, или нивото на јачина на звук, се нарекува децибел (dB). Јачината на звукот до 20 dB е занемарлива, на пример, во спалната соба. Сепак, над 30% од населението во урбаните градски средини е изложено на постојана бучава што надминува и 50 dB.

Доколку сакате да ја подобрите вашата звучна изолација, а со тоа и вашата благосостојба, можете да постигнете многу доколку внимавате на изборот на прозорците во вашиот дом. Доколку сакаме бучавата да остане надвор и да уживаме во мир и тишина, треба да размислиме за предностите од модерната технологија за производство на прозорци, која се базира на високоцврсти PVC профили со соодветна класа на пренос на звук.

Но, потребни се низа предуслови за користење на ваков тип на ПВЦ профили. Прозорците со висока заштита од бучава имаат голема тежина, која пак мора да ја поднесе конструкцијата на рамката на прозорецот. Правилната инсталација бара соодветни статички карактеристики, стабилност и отпорност на деформација. Но, ако објектот ги исполнува овие услови и поседува добро изолирани ѕидови, можете да сметате на ми и тишина и релаксирани мигови поминати дома.
Затоа, во однос на звучната изолација секогаш изберете технолошки напредни производители на PVC профили како они на TROCAL од германскиот производител PROFINE.
Комерцијален текст.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија