На 21.10.2025 година во просториите на Комора на овластени архитекти и овластени инженери се одржа седмиот по ред настан во живо оваа година од серијата активности на тема BIM, работилница „Revit варијации: Како да презентирате повеќе решенија во еден модел“.

Голема благодарност до Ilija Loshonc од BIMCAD Studio за неговото учество и за одлично изведенета работилница од која што беа исклучително задоволни сите учесници.
На оваа работилница, учесниците имаа можност да научат како да користат Design Options во Revit за да развијат и презентираат повеќе архитектонски решенија без да креираат посебни модели. Исто така имаа можност да научат како да подготват алтернативи, да ги споредат и визуелизираат, и да ги презентираат пред клиентите како професионални варијанти за избор.
За предавачот:
Ilija Loshonc е основач и BIM менаџер на BIMCAD Studio, со повеќе од 9 години работно искуство во областа на дигиталното моделирање и координација. Пред основањето на BIMCAD, работел како BIM менаџер на големи проекти во Австралија и Велика Британија, со фокус на организација и следење на процесите за изработка на BIM модели во различни фази на проектите, како и имплементација на BIM стратегии. Последниве 6 години е гостински предавач на Каледониан Универзитетот во Глазгов, Шкотска, каде предава предмети поврзани со дигитални вештини како Revit, AutoCAD, Civil3D и Infraworks.

Голема благодарност до Комора на овластени архитекти и овластени инженери за нивната постојана поддршка во реализација на овие активности кои што сметаме дека се од голема корист за сите членови на Комората и за сите професионалци од оваа област.

*Комерцијален текст.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија