Насловна / Арт и дизајн / Takashi Murakami и Louis Vuitton инсталираа октопод во Grand Palais во Париз

Takashi Murakami и Louis Vuitton инсталираа октопод во Grand Palais во Париз

Јапонскиот современ уметникот Takashi Murakami и модниот бренд Louis Vuitton создадоа џиновски надувуван октопод инспириран од кинески лампиони, кој е инсталиран во новореставрираниот музеј Grand Palais во Париз.

Скулптурата висока осум метри се наоѓа на балконот Balcon d’honneur во Grand Palais, каде што нејзините долги пипци се протегаат околу врата.

Murakami и Louis Vuitton го изработиле октоподот по мерка за овој простор, а исто така дизајнирале и теписи со истите мотиви на пипци. Главата на фигурата е украсена со моделот „Superflat Jellyfish Eyes“ од Мураками, пишува Dezeen.

„Црпејќи инспирација од детството на уметникот, овој мотив го евоцира стравот од тоа да биде набљудуван, а истовремено му дава и хировита форма што ја ублажува неговата застрашувачка природа“, велат од  Louis Vuitton.

Шарениот октопод има проѕирен дизајн што потсетува на кинески хартиени лампионии, а обоен е во црвени и розови нијанси со контрастни бели долни страни и сини чаури.

Дизајниран е за да го означи лансирањето на најновата соработка помеѓу уметникот и брендот, колекцијата Artycapucines VII – Louis Vuitton x Takashi Murakami, која содржи модни додатоци украсени со илустрации на уметникот.

Дуото првпат соработувало пред 22 години кога Murakami го реинвентираше платното со Monogram на Louis Vuitton за колекцијата која брзо стекна култен статус.

Колекцијата Artycapucines VII – Louis Vuitton x Takashi Murakami содржи 11 чанти, украсени со мотиви, вклучувајќи минијатурни верзии на дизајнот на октоподот, а изложени се меѓу пипците.

На изложбата во Grand Palais изложени се и скици од Murakami, како и три негови сферични уметнички дела „Plush Balls“ во калеидоскопски бои.

Уметникот специјално за изложбата ја создал Плишаната топка „Црешов цвет“, инспирирана од цветови сакура од јапонска цреша.

За колекцијата Artycapucines VII, Louis Vuitton користел технологија која не била толку широко достапна кога модната куќа првпат соработувала со Murakami во 2003 година, вклучително и 3Д печатење.

Уметникот исто така неодамна соработуваше со Louis Vuitton и на pop-up продавница во Њујорк, инспирирана од малите, капсула-хотели во Токио.

Испрати коментар

Scroll To Top