За да ја врши својата работа на заштитник на домот, покривот треба да биде направен од квалитетни ќерамиди. Но, за да помага во енергетската ефикасност и здравата клима во домот, неопходно е да ги има сите дополнителни „реквизити“ кои ќе му овозможат, просто, ДА ДИШЕ.
Како дише покривот?
Иако покривот делува како затворен чадор или штит над вашата куќа, низ него е неопходно да постојат отвори за вентилација, односно за влегување и излегување на воздухот, што ќе овозможи покривот буквално да дише. За воздухот непречено да струи, потребно е на неговиот излез да се обезбеди минимално половина од површината за проветрување од таа што е остварена на неговиот влез.
Тоа е можно со правилно поставување на конструкцијата, со избор на природни глинени ќерамиди и со комбинирање на особено важните додатоци.
Ќерамидите и вентилацијата
Глинените ќерамиди се неспоредливо подобри од ќерамидите направени од друг материјал, кога станува збор за вентилацијата на покривот. Со температура на печење од над 1.000° C, се зголемува компактноста на глинената маса и глинениот покрив се претвора во водоотпорна мембрана, која пропушта пареа. Со каналите за проветрување се овозможува струење на воздухот од стреата кон билото, што е неопходно за сушење на надворешниот дел од покривот и за постојаноста на температурата. Ќерамидите Tondach се произведуваат од глинен, порозен материјал кој врши дифузија на влагата и воздухот што содржи водена пареа од внатрешноста на објектот во атмосферата. Со ова се постигнува оптимален проток на воздух и се спречува задржување на влагата.

* Tondach ќерамиди
Додатоците неопходни за вентилација на покривот
„Реквизитите“ што му се неопходни на покривот за да може да дише, се делат на керамички и некерамички. Во првата група спаѓаат вентилациските ќерамиди и капаците за било, а во дел од втората влегуваат паропропусната фолија, вентилациската лента и вентилациските елементи за стреа, кои се поставуваат под капаците со т.н. сува монтажа.

Вентилациските елементи за стреа помагаат да има загарантиран проток на воздух од стреата кон билото, во исто време спречувајќи го навлегувањето и загнездувањето на неканетите гости, како птиците, инсектите и штетниците.
Освен што помагаат за брзо ослободување на покривот од водата, односно од снегот, снегобраните помагаат и да не се наруши вентилацијата при паѓањето и задржувањето на снежните маси врз стреата, од каде што се обезбедува влез на воздух, како и вентилација на потпокривниот простор.
Отворите за вентилација се предизвик за секој покрив, но со системските решенија на Tondach за покрив се спречува пропуштање на водата и влагата. Од надворешна страна, вентилацијата е дискретна и беспрекорно вклопена во изгледот на покривот, додека од внатрешната страна технички подготвена за сите временски предизвици.
*Комерцијален текст
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија

