Насловна / Вести / Општина Центар го реконструираше водоводот и коловозот на „Људевит Гај” во Дебар Маало

Општина Центар го реконструираше водоводот и коловозот на „Људевит Гај” во Дебар Маало

Жителите на улицата „Људевит Гај“ живеат во срцето на Центар, во Дебар Маало. Но секојдневно, при најмал дожд, се бореа со вировите полни вода, а движењето и возењето автомобил не беше безбедно.

Улицата беше целосно руинирана и жителите се жалеа кај градоначалникот Андреј Жерновски, се вели во соопштението на Општина Центар.timthumb.php

Сега по завршената целосна реконструкција, улицата доби нов лик.

Поради дотраеност на постојната водоводна инсталација, oпштина Центар изврши комплетна обнова на водоводовната мрежа во должина од 71 метар, со пречник од 80мм. Поради новоизградените објекти, се изврши приклучување на 5 постојни и 2 нови објекти.

Со реконструкцијата се овозможи квалитетно снабдување со вода на постојните објекти и идните објекти предвидени со планска документација.Состојба-пред-2

Веќе ги нема големите дупки и на коловозот е поставена асфалтна подлога на површина од 420м². Разликата е очигледна, што може да се види и од фотографиите од тоа како изгледаше улицата „Људевит Гај“ пред и по реконструкцијата.

Ова е 17-та улица што се реконструира во Дебар Маало за време на овој четиригодишен мандат, соопштуваат од Општина Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top