Насловна / Дневни Вести / Собранието расправа за проектот „Скопје 2014“

Собранието расправа за проектот „Скопје 2014“

skopje_2014_01_13.jpg

Скопје – Собранието на Република Македонија денеска ворамки на 124. седница ја почна расправата за проектот „Скопје 2014“ по предлогна пратениците од СДСМ, ЛДП, Нова Демократија, НСДП и Нова Алтернатива.

Овластениот претставник наподнесувачите Јани Макрадули од СДСМ го оквалификува проектот „Скопје 2014“ како синоним за корупција, расипништво и непочитување на законите иинституциите.

 

- Денес Скопје не личи на себе, на град на солидарноста, туку стана град на кичот, невкусот и безмилосното трошење на парите на граѓаните, рече Макрадули.

Тој додаде дека проектот Скопје 2014 е противуставен, незаконски, моноетнички и монорелигиски кој во моментот чини 350 милиони евра.

Според опозицијата, парите потрошени за овој проект можело да се наменат за набавка на медицинска опрема, изградба на инфраструктура и реконструкција на училишта и за решавање на низа социјални прашања. 

Во репликите на излагањето на Макрадули, пратениците од парламентарното мнозинство нагласија дека „Скопје 2014“ е дел од преродбата и од изградбата и инвестирањето во многу други области. Тие истакнаа дека Скопје 2014 е проект на изградба, инвестиции и нови вработувања.

- Владата и праламентарното мнозинство немаат од што да се срамат, може да се гордеат со проектот „Скопје 2014“. Кога зборуваме за Скопје 2014, односно за Македонија 2014 преку примерот со плоштадот знаеме дека во главниот град на државата повеќе од половина век не беше изградено ништо, рече Александар Спасеновски, додавајќи дека Скопје 2014 не е само плоштадот, туку и реновирањето и изградбата на многу други објекти во градот.

Неговиот сопартиец Александар Николовски истакна дека со овој проект првпат се гради обележје на македонската држава и се дефинира дека Скопје е главен град на државата.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска во своето излагање истакна дека освен административно, Скопје неполни сто години не го добил архитектонското и урбанистичкото достоинство како главен град на државата.

- Со она што го затекнавме во 2006 година како постојано непроменета слика скоро сто години ние како народ и држава испраќавме порака дека и семантички и семиолошки сме привремени, никогаш недооформени, без историја, традиција и култура и со самото тоа без визија за натамошен раст. Со проектот не само на Скопје 2014, туку и на Македонија 2014, оваа власт објави крај на непочитта кон сопствениот народ, култура и идентитет. Во најтешкиот економски период покажавме дека ако ја сакаме својата земја можеме да ја покажеме грижата и љубовта кон неа, рече Канческа – Милевска, прашувајќи зошто ниту една власт досега не се зафатила со дооформување на плоштадот и централното градско подрачје.   

Опозицијата, меѓу другото, побара од министерката за култура објаснување колку чини „Скопје 2014“ година и дали во моменти на економска криза е потребна реализација на ваков проект.

Расправата по оваа точка продолжува по редовната едночасовна пауза.

(МИА)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top