Насловна / Вести / Скопје 2014 се спушта под земја

Скопје 2014 се спушта под земја

skopje_2014_pozemja_thumb.jpgПроектот влегува во нова фаза кога се бираат изведувачи, и тоа за подземната улица на левиот брег на Вардар, за барокната катна гаража и за скулптурите на мостот Око.Општината Центар ќе гради подземна улица покрај левиот кеј на реката Вардар, на потегот од обновениот Стар театар до Македонската опера и балет, односно до новата зграда на Министерството за внатрешни работи. Со ова, проектот Скопје 2014 почнува да се спроведува и под земја, односно да се градат сообраќајните решенија од него. 

Паралелно со тоа продолжуваат и другите активности околу уредувањето на централното градско подрачје, со нарачката на скулптурите за мостот Око, со најавата за почеток на градбата на барокната катна гаража и со подготовките за колонадата на левиот брег на реката.

Огласот за изградба на новата улица е веќе објавен на интернет- страницата на Бирото за јавни набавки. Според деталниот урбанистички план за Малиот ринг се предвидени неколку подземни улици, за кои урбанистите веруваат дека ќе го растоварат сообраќајниот метеж во централниот дел на градот. Од општината појаснуваат дека новопроектираната подземна skopje_2014_pozemja.jpgулица има влез од булеварот Гоце Делчев, или кај подвозникот во близина на стоковната куќа Мост.

 

Според планот, таа улица би понирала покрај црквата Свети Димитрија и под Даут-пашиниот амам, Музичко-балетскиот училиштен центар, а преку подземното паркиралиште пред МОБ би излегла на улицата Стив Наумов. Се очекува наскоро да почне и изградбата на колонадата, меѓу зградите на Финансиската полиција и на Агенцијата за електронски комуникации. Таа ќе биде во форма на неколку столбови изградени во антички стил и поврзани со венец, со висина од осум метри.

 

Пред неа е предвидено да се направи мал амфитеатар. Ќе се гради според проектот на проектантската куќа Мегаор. И неа ќе ја красат скулптури, на секој столб по една. Засега нема информации какви, од каков материјал и со колкави димензии, иако на анимацијата на проектот Скопје 2014 може да се види дека на столбовите има лавови. Надлежните засега само информираат дека е распишан конкурс за идејно решение за 11 скулптури.

 

Статуите што ќе бидат поставени на мостот Око ќе се изработуваат во српската леарница Јеремиќ, а ќе чинат шест илјади евра по парче, односно вкупно околу 170 илјади евра. Таму ќе се излеат 28 скулптури, за страните на мостот, а ќе остане уште да се најде изведувач за пајонската свештеничка, која ќе биде висока три метри и ќе се постави во центарот на мостот.

 

Леарницата Јеремиќ треба да ги изработи скулптурите на: последниот македонски крал Персеј; пајонскиот крал Авдолеон; охридскиот архиепископ Прохор Доротеј; сликарите и иконописци Михаил и Евгениј; Јован Заграф; македонските благородници Стрес и Ивец. Мостот ќе го красат и: Ахил, преспански и лариски епископ; Васарион Дебарски, јеромонах и книжевен деец; Јулија Тертила, борец за правда; Будиј, учесник на никејскиот собор; Аврелиј Кратет Птоломеев, лихнидски интелектуалец од 3 век; Дионизиј Прв, епископ на Лихнид; Тит Флавиј Орест, правосвештеник на Хераклеја; Публиј Септиј Николај, патрон на Стоби. Меѓу избраните скулптури се и првиот и вториот крал на македонската средновековна држава, кнез Хацон и кнез Пребонт, кои владееле во 7 век, потоа Крали Марко и неговиот брат Андреја, охридскиот жупан Андреа Гропа, Петар Делјан, Ѓорѓи Војтех, свештениците Јоаким Осоговски, Прохор Пчињски, Гаврил Лесновски, Јован Кукузел, Георги Кратовски.

 

Почна и процедурата за барокната катна гаража, која ќе се гради на самиот кеј на Вардар меѓу зградите на МЕПСО и на Македонска пошта. Нејзин инвеститор е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и со деловен простор, од каде што очекуваат дека до Нова година ќе склучат договор со избрана фирма, а потоа напролет ќе го удрат и камен- темелникот. Изведувачот ќе има рок од година и пол да го направи објектот, кој, според најавите, иако ќе има старински изглед за да се вклопи во околниот стилски амбиент, внатре ќе биде модерен со најсовремени системи за паркирање и ќе собира околу 315 возила. Еден дел ќе биде наменет и за деловен простор, на приземјето и на првиот од вкупно деветте ката.

 

   

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top