Насловна / Дневни Вести / Изградба на автопатната делница Демир Капија – Смоквица на Коридорот 10

Изградба на автопатната делница Демир Капија – Смоквица на Коридорот 10

demir-kapija-smokvica.jpgПочна постапката за избор на изведувач на градежните работи за изградба на автопатната делница Демир Капија – Смоквица на Коридорот 10
Скопје – Владата на Република Македонија соопшти дека денеска започна отворената постапка за избор на изведувач на градежните работи за изградба на автопатната делница Демир Капија – Смоквица на Коридорот 10.

Во огласот кој денеска е објавен од страна на Европската комисија, стои во соопштението, се наведени сите критериуми и услови кои заинтересираните компании и конзорциуми треба да ги исполнат со цел да се обезбедат навремени и квалификувани градежни работи на новиот дел од автопатот.
Рокот за доставување на понудите е 06.12.2011 година, а меѓу останатите пропишани критериуми, понудувачите мора да обезбедат гаранција од 3.000.000 евра, додека вкупниот просечен годишен обрт за градежни работи во текот на последните 3 години треба да изнесува најмалку 150.000.000 евра.
Од понудувачите се бара да исполнат и критериуми кои се однесуваат на искуството во реализацијата на слични проекти, односно да имаат завршено изградба на најмалку еден автопат со вредност на договорот од 250.000.000 евра, или пак да имаат активен договор за проект во истата вредност, чиј степен на реализација е најмалку 60 отсто. Исто така, понудувачите треба да имаат искуство во изградбата на тунели и мостови и да ги поседуваат сите соодветни професионални дозволи.
Вкупната должина на автопатната делница Демир Капија – Смоквица изнесува 28.2 км и на истиот е предвидена изградба на два тунели, шест мостови, две клучки и повеќе надвозници и подвозници. Имплементацијата на овој проект е со средства од Европската унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Со изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица целосно ќе биде заокружена изградбата на Коридорот 10 на ниво на автопат во Република Македонија. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top