Насловна / Архитектура / За придонесот на жените архитекти кон архитектонската сцена во Македонија

За придонесот на жените архитекти кон архитектонската сцена во Македонија

За придонесот на жените архитекти кон архитектонската сцена во Македонија, особено во периодот на постземјотресната обнова на Скопје се подготвува проект кој го реализира Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Континео 2020, Скопје.

MoMA-izlozba-5

Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков

Учесници во проектот се познатото трио, архитектите Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков и Јован Ивановски, кои ја истражуваат модерната архитектура, периодот на постземјотресното Скопје 1963-1980 година, вршат нејзина систематизација, валоризација, архивирање и презентирање. Тие беа членови на кураторско советодавно тело од Македонија за изложбата во МоМА во Њујорк, „Кон бетонска утопија: архитектурата во Југославија 1948-1980“, а како резултат на нивната работа значајни се и изложбите „Загрозени видови“, „Скопските вертикали“. Учесници на проектот се и Бојана Стојменовска, Михајло Стојановски, Теа Дамјановска.

Проектот претставува продолжение на нивните досегашни истражувања на архитектонското наследство од XX век.

тет3

Театарот на народностите во Скопје (денес Албански театар), 1969 – Вера Ќосевска

Во втората половина на дваесеттиот век, значително се менува улогата на жената во македонското општество. Во новонастанатиот политички, економски, социјален и културен контекст, жените го прават својот прв пробив во мноштво професии, кои претходно се сметале за „машки“. Обемниот и сеопфатен модернизациски и еманципаторски проект значи забрзано менување на структурата и ликот на градовите, а жените архитектки рамноправно учествуваат во обликувањето на новиот животен простор.

нн_resize

Жените архитектки даваат значаен придонес кон архитектонската сцена во Социјалистичка Република Македонија, особено во периодот на постземјотресната обнова на Скопје. Периодот на 60-тите, 70-тите и раните 80-тите години е време на интензивно архитектонско и урбанистичко творештво за Мимоза Томиќ, Вера Ќосева, Љубинка Маленкова, Олга Папеш, Василка Ладинска и многу други.

vaska

населба Аеродром, Скопје (1980) - Васка Ладинска

Образовани во веќе реномираните архитектонски школи и културни центри – Белград, Загреб и Љубљана, каде архитектонскиот модернизам навлегува директно од европските центри – Париз, Берлин, Виена, Прага итн., по нивното враќање во Скопје имаат силно влијание врз развојот на македонската архитектонска сцена, ширејќи ја модернистичката идеја и култура помеѓу помладите генерации на архитекти.

мим_resize

„Беко“, 1969 – Мимоза Несторова-Томиќ

Инспирирани од интензивната дебата која се води на глобално ниво за улогата на жената во општеството, а соодветно и во професијата, овој проект има за цел да ја истражи, документира, проучи и промовира улогата и делата на овие извонредни жени од практиката – планерки, архитектки и дизајнерки; да доведе кон подобро разбирање, поголема видливост и вреднување на архитектонското и културното наследство кое тие го оставиле на идните генерации.

Проектот е финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија. #CHinMK

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top