Како што беше и претходно најавено, ЕУ од 07.07.2026 година воведува ново безбедносно правило според кое сите нови автомобили кои се продаваат на европскиот пазар мора да имаат технички услови за вградување на т.н Alcolock систем. Станува збор за уред кој спречува стартување на возилото доколку возачот има недозволена концентрација на алкохол во организмот. Функционира слично на алкотестот кој го прават полициските службеници. Возачот мора да дува во уредот пред стартување нa возилото, а доколку измерената вредност ја надминува дозволената, возилото нема да може да се запали.

Сепак, важно е да се нагласи дека ова не значи обврска сите автомобили да имаат вградено ваков систем. Задолжително е само да постојат технички услови за негово инсталирање, а тоа ќе се врши по налог на надлежните институции во случаи на повторувачки прекршоци поврзани со употреба на алкохол. Новата мерка е дел од пошироката европска безбедносна регулатива GSR2 (General Safety Regulation), чија цел е намалување на бројот на сообраќајни несреќи и загинати. Според проценките на европските стручњаци за безбедност во сообраќајот, пошироката примена на Alcolock системот би можела да го намали бројот на несреќи со фатални последици поврзани со алкохолот и до 65%.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија