Насловна / Арт и дизајн / Во тек е Salone del Mobile 2026 во Милано

Во тек е Salone del Mobile 2026 во Милано

Од 21. до 26. април, Милано е местото каде што се дефинираат трендовите во мебелот и ентериерите. Оваа година, фокусот е и на новите формати, но и на регионалните имиња кои добиваат сè повеќе простор на глобалната сцена.

Во тек е Salone del Mobile 2026, најважниот светски саем за мебел и дизајн, кој собира илјадници изложувачи, дизајнери, архитекти и професионалци од индустријата во комплексот Fiera Milano Rho до 26 април во Милано.

И оваа година, Милано станува глобален епицентар на дизајнот, место каде што се среќаваат иновациите, занаетчиството, технологијата и комерцијалниот потенцијал, но и каде што јасно е означена насоката во која ќе се движат ентериерите во наредниот период.

  1. издание со познати и нови формати

Овогодинешното издание, 64. по ред, носи комбинација од добро познати сегменти и нови концепти.

Меѓу повратниците се EuroCucina 2026, FTK Technology For the Kitchen и Salone Internazionale del Bagno, кои традиционално привлекуваат големо внимание од јавноста и експертите.

Новини како Salone Raritas и Salone Contract дополнително го прошируваат фокусот на саемот кон специјализирани и комерцијални сегменти, што јасно зборува за зголеменото влијание на дизајнот врз различните индустрии.

Милано како продолжена сцена на саемот

Како и секоја година, Design Week излегува од рамките на саемските хали и го превзема целиот град. Преку програмата Salone in the City, Милано станува мрежа од изложби, инсталации, културни настани и дизајнерски рути.

Особено се издвојува Design Kiosk 2026, платформа за издаваштво и јавен дијалог, како и настанот Common Archive – La Notte Bianca del Progetto (24 април), кога архивите за дизајн и архитектура низ целиот град се отвораат за посетителите.

Што ги очекува посетителите во халите?

Посетителите можат да видат новини од сите клучни категории – од кујни и бањи, до софи и фотелји, до осветлување, површини и „outdoo“ решенија.

Меѓу големите имиња што изложуваат се Minotti, Elica, Smeg, Talenti и Formitalia, а меѓу регионалните изложувачи се Prostoria, Zanat и Nunc и други.

Испрати коментар

Scroll To Top