Насловна / Вести / Во Охрид над илјада дивоградби, а 409 на територија на заштитена област!

Во Охрид над илјада дивоградби, а 409 на територија на заштитена област!

Кај 1076 предмети инспекциските служби од Охрид забележале нерегуларности, односно дивоградби од кои 409 биле на територија на заштитена област. Дивоградбите се забележани на крајбрежјето на Охридското Езеро, во Стариот дел на Охрид и Националниот парк Галичица.
Ваквите бројки се објавени во новиот Регистар за нелегални градби на територијата на Охрид, за периодот од 2006 до 2019 година, кој е изработен според препораките на Унеско.
Од регистрираните предмети во заштитениот дел, како што соопшти општина Охрид, 82 се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, осум за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.

охр
„Со изготвување на Регистарот на нелагални градби, општина Охрид во рекордно време исполни дел од своите обврски, кои се произлезени од владината работна група, која постапува по препораките на УНЕСКО, а Регистарот за нелегални градби треба да се достави до Владата најдоцна до 1 септември“, посочува општинската прес-служба.
Во мај годинава Центарот за светско наследство објави извештај за состојбата на добратa ширум светот категоризирани како светско наследство. Меѓу нив и за единственото македонско УНЕСКО подрачје, Охридскиот Регион. Извештајот е нацрт-одлука која се проследува до Комитетот на светско наследство кој го разгледува и потоа носи конечна одлука на годишната седница, која годинава ќе се одржува од 30 јуни до 10 јули во Баку, Азербејџан.
„ Нацрт-одлуката на Центарот е последниот и неотповиклив збор на овие стручни тела за дали еден локалитет или подрачје ги исполнуваат критериумите да бидат прогласени за светско наследство, избришани, или пак, да бидат преместени на Листата на светско наследство во опасност и е стручна препорака што се заснова на факти и што се очекува да биде изгласана како конечна одлука на Комитетот“, велат од граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ и додаваат: „Македонската влада мора да покаже самокритичност и зрелост и да се соочи со фактот дека состојбата на Охридскиот Регион е критична и бара итен, експертски, сеопфатен, долгорочен ангажман. И наместо да се грижи исклучиво за својот рејтинг во јавноста, да ангажира домашни експерти, а не политичари, да побара меѓународна помош и да спроведе итни корективни мерки за спречување на натамошната деградација, со што ќе обезбеди зачувување и унапредување на УНЕСКО Регионот“.

20190619_131922

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top