Насловна / Архитектура / Во Котур Кафе: Архитектонска работилница за деца – куќичка на дрво

Во Котур Кафе: Архитектонска работилница за деца – куќичка на дрво

Тимот на Котур Кафе и Филм и архитектите Маргарита Поповска, Маја Доновски Лукаревска и Милка Черепналковска, од минатиот месец започнаа со организирање на архитектонски работилници за деца. Првата работилница наречена скопска се одржа на 13 Ноември во повеќефинкционалната сала на Котур, каде архитектите низ кратка презентација и разговор ги водеа децата од значењето на празникот, симболите на градот, преку забавни факти за Градскиот парк како едно од најпрепознатливите и најпосетени места, па сѐ до познатата Школка. На три макети во различен размер децата добија три задачи, да го уредат просторот околу Школка (М=1:100), да смислат настан, сценографија и натстрешница (М=1:50) и да испроектираат рампа за Школка да стане пристапна за сите (М=1:25). Проектите беа повеќе од успешни, а презентациите презабавни. Децата го ослободија Скопје!

кот3_resize

Следната Архитектонска работилница за деца: куќичка на дрво е закажана за 11 декември. Во описот за работилницата стои:

Сите сме ја сонувале, замислувале, цртале, посакувале… Да се поседува куќичка на дрво е/била една од нашите најголеми детски мечти. Куќичката на дрво е можеби еден од првите и најраспространети архитектонски архетипови. Куќичката на дрво е повеќе од место и простор. Таа е засолниште на детството. Таа е безбедно место. Таа е бедем на независноста каде светот на возрасните не допира. Таа е сцена и проекција за исклучително возбудливи авантури. Таа е ‘непристапно’ место заробено меѓу небото и дрвјата. Таа е материјализација на соединувањето и помирувањето со природата, тивок свет во постојана игра со ветрот, птиците и верверичките.

кот_resize

Работилницата е наменета за деца од 8 до 11 години. Ќе зборуваме за настанокот и идејата зад куќичката на дрво, ќе гледаме интересни фотки и видеа, ќе ги научиме конструктивните елементи, ќе цртаме, ќе проектираме и ќе изработуваме макети на куќички на дрво.

АДИНГ и КНАУФ Македонија како компании директно поврзани со архитектурата и со високо реноме во делот на општествена одговорност, го препознаа нашиот ентузијазам и уникатна идеја да ја доближиме архитектурата на најмалите, и станаа наши поддржувачи, за што сме многу благодарни.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/events/394495152416332/?ref=newsfeed

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top