Насловна / Екологија / Во 2015-та Хрватска ќе ја добие својата прва геотермална централа

Во 2015-та Хрватска ќе ја добие својата прва геотермална централа

Puhagan_geothermal_plant
Првата фаза од проектот за изградба на геотермалната централа на швајцарскиот инвестициски фонд “CloZEd Loop Energy” и неговата хрватска компанија   “AAT Geothermae”  треба да биде завршена во 2015 година. Вкупната вредност на инвестицијата е 70 милиони евра, а проектот е кофинансиран од страна на Европската комисија со 14,7 милиони евра од програмата NER 300, наменета за финансирање на иновативни климатски прифатливи технологии. Геотермалната постројка ќе биде изградена во Меѓимурје и ќе произведува електрична и топлинска енергија. Централата во првата фаза ќе има капацитет од 7 MW електрична и 24 MW топлинска енергија, а во следната фаза до 2018 година, дури 17 MW електрична и над 40 MW топлинска енергија. Иновативниот концепт на затворен круг е една од причините што Европската комисија го поддржува овој проект.

На овој начин Хрватска ќе се најде во друштво на 24-те држави во светот кои имаат геотермални централи. Најголеми производители на енергија од геотермални извори се: Филипини, САД, Мексико, Италија, Јапонија и Нов Зеланд.

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top