Насловна / Вести / Винербергер домаќин на студенти од Градежен факултет – Скопје

Винербергер домаќин на студенти од Градежен факултет – Скопје

Уште еден од низата убави примери на соработка помеѓу реалниот сектор и нашите технички факултети. Порта 3 се надева дека овaa практика ќе продолжи и кај останатите наши компании.  На 14.05 Винербергер беа домаќини на студенти од прва година од Градежниот факултет – Скопје.

„Студентите имаа можност одблиску да се запознаат со современиот процес на производство на Виничките ќерамиди со над 100 годишна традиција, како и со технологијата и квалитетните стандарди кои стојат позади брендот Tondach.  Во рамки на посетата, тие се информираа и за работењето, вредностите на компанијата, како и системските решенија што ги нудиме како еден од водечките производители на градежни материјали во светот. Посетата беше збогатена и со обиколка на Музеј Теракота Виница, каде можеше да се видат прочуените теракотни икони произведени од квалитетна Виничка глина – културно и историско богатство препознатливо во светски рамки.  Голема благодарност до професорката Тодорка Самарџиоска и асистентот Ристе Волчев како и на сите присутни за оваа инспиративна посета.“

Испрати коментар

Scroll To Top