Насловна / Вести / Ветрогенератори на покривите кои чинат помалку од фотоволтаици

Ветрогенератори на покривите кои чинат помалку од фотоволтаици

Aeromine Technologies, од Универзитетот во Хјустон, осмислиле сосема нов начин на производство на електрична енергија од ветерот во однос на класичните ветерни турбини. Нивните единствени „неподвижни“ кровни ветрохгенератори испорачуваат до 50% повеќе енергија од фотоволтаиците при исти инвестициски вложувања, а заземаат само околу 10% од површината на покривот и работат прилично тивко. Иако се посветува се поголемо внимание на дистрибуираното производство на електрична енергија, фотоволтаиците се највеќе во фокусот, но во некои области ветерот би можел да игра позначајна улога. Проблемот е во тоа што не е секое место соодветно за огромна ветерна турбина со лопатки.

rooftopwind1

Aeromine проектирал кутии со крила за генерирање на енергија од ветерот, кои заземаат релативно мал простор на покривот, иако се прилично габаритни.  Добра страна е што не создаваат значителна бучава или визуелна дистракција, па би можеле да бидат релативно прифатливи во населените подрачја. И начинот на работа е поинаков. Крилата изгледаат како пар спојлери за тркачки автомобили свртени еден кон друг, со столб помеѓу нив. Поставени под одреден агол кон ветрот, овие стационарни крила создаваат низок притисок во центарот на уредот кој го всисува воздухот низ перфорациите во самите крила или на столбот. Со тоа се забрзува протокот на воздухот низ крилата.

rooftopwind2

Во зависност од инсталацијата, генераторот  може да биде на дното од централниот столб и во самиот покрив – во случај на покомпактен дизајн. Генераторите се тивки, доверливи и евтини. За нив не е потребен специјален материјал и можат да се расклопат заради транспортот и релативно едноставниот процес на монтажа на лице место. Засега не се достапни многу податоци з аовој систем, иако во решението претставено за AFWERX Reimagining Energy challenge во јануари 2021 година било истакнато дека секоја од овие единици се проценува на околу 5kW, што е блиску до моќноста на типичен фотоволтаичен систем во домаќинствата. Можат да се постават повеќе вакви единици, на оддалеченост од околу 5m.

rooftopwind3

Aeromine Wind-Harvesting Unit е инсталиран како пилот проект на покривот на производните погони на BASF во Мичиген. Постои одличен потенцијал за комбинирање на овој систем на ветрогенератоти со класични фотоволтаици, со оглед дека овие технологии се комплементарни. Имено, фотоволтаиците произведуваат енергија само во текот на денот, додека ветрогенераторите работат и ноќе, но и двете постројки во целост зависат од временските услови. Ако постои и систем за складирање ан енергијата, системот може да биде целосно независен. Но, од друга страна, сенката од ветрогенераторите ќе ја намали ефиаксноста на фотоволтаиците, а исто така погодни се само за подрачја со прилично константен правец на ветерот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top