Насловна / Вести / Усогласување на стандардите за подобар и почист воздух

Усогласување на стандардите за подобар и почист воздух

Македонските национални стандарди за животна средина треба да се усогласат со оние кои постојат и се применуваат во Европската Унија. На темата „Подобрување на квалитетот на воздухот со помош на стандарди” разговараа експерти од оваа област од нашата држава и од останатите кои се дел од проектот,,Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина”, финансиран од Европската Комисија и EFTA преку FPA договор помеѓу Европската Комисија и Европската организација за стандардизација (CEN).

Државниот сектретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, ја потенцира важноста на воспоставување и воедначување на македонските со сите релевантни европски стандарди во заштитата на животната средина, како неопходен услов во понатамошната хармонизација на нашетонационално законодавство со правото на Европската Унија.

1

“Имајќи предвид дека Европската Комисија потврди дека стандардите се алатка за вклучување на еколошките аспекти во многу области преку усвојување на европските стандарди во секторот животна средина ќе се овозможи нашите чинители да дадат придонес и да се вклучат во овој европски процес“, вели Петровска, додавајќи дека европските стандарди ќе се применуваат во заштитата на квалитетот на воздухот и во нашата држава.

Директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), Џеват Кицара смета дека работилница на која разговараа експертите ќе овозможи вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина од нашата држава во подобрувањето на квалитетот на воздухот преку стандарди, доближувајќи го тој процес до граѓаните.

Наташа Амдиу од Зелениот институт ја нагласи неопходноста од поблиска и покоординирана соработка со локалните власти во воспоставување на релевантните национални стандарди, но и вклучување на граѓанскиот сектор во детектирање на моменталните состојби со воздухот бидејќи сите ние работиме за да се постигнат подобри резултати, а тоа е почист воздух, за сите нас.

Испрати коментар

Scroll To Top