Насловна / Вести / Уделот на гасот во глобалното производство на електрична енергија, паѓа петта година по ред

Уделот на гасот во глобалното производство на електрична енергија, паѓа петта година по ред

Уделот на гасот во глобалниот микс на производство на електрична енергија, паѓа веќе петта година по ред во 2025 година, а војната на Блискиот исток можно е дополнително да го зајакне овој тренд, покажува извештајот на истражувачкиот центар Ember.

Во периодот помеѓу 2021 и 2025 година, производството растело со просечна годишна стапка од 1,6%, што е околу половина од стапката на раст забележана помеѓу 2016 и 2020 година (2,9%). Ember истакнува дека неодамнешните геополитички нарушувања влијаат на овој тренд, бидејќи ги зајакнале нестабилноста на цените и ризиците по енергетската сигурност кај земјите со енергетски системи зависни од увоз. Овие трендови сугерираат дека гасот се повеќе се поместува од позицијата на извор на структурен раст во електроенергетскиот сектор, кон улогата на урамнотежување на системот во кој се зголемува користењето на обновливи извори на енергија, наведува истражувачкиот центар.

Обновливите извори на енергија се блиску до надминување на производството на електрична енергија од гас во земјите од Г7, кои сочинуваат 37% од глобалното производство. Четири економии од Г7 кои се зависни од увоз на гас – Велика Британија, Германија, Италија и Јапонија, останале под своите историски максимуми на производство најмалку пет години.

Испрати коментар

Scroll To Top