Насловна / Вести / Туристички дестинации со најчисти води на планетата

Туристички дестинации со најчисти води на планетата

Од светло сина убавина на Малдивите до националните паркови на САД.

Корални атоли, езера на стрмни планини, тиркизни реки, природни заборавени базени во џунгла, мали егзотични острови и брегови кои се истакнуваат со своите варовнички формации. Што ги обединува овие толку различни пејзажи од едниот до другиот крај на планетата? Фактот дека тие се познати по својата кристално чиста вода.

Кои се крајните дестинации за патување на места со најчистите води на Земјата? Откријте пет опции кои ќе ги задоволат дури и патниците со највисоки очекувања.

Jenny Lake, Вајоминг (САД)

џени_resize

Пред околу 12.000 години, ова езеро е создадено од глечери кои од карпите создале клисура. Денес, тоа е главната атракција на националниот парк Grand Teton. Една студија од 2005 година за квалитетот на водата на езерата покажа дека сите езера во паркот се уште се недопрени и дека не се погодени од загадување на воздухот или водата.

Океанска дупка To-Sua (Самоа)

samoa_resize

Лотофага е село на јужниот брег на островот Уполу во Самоа. Среде селото се наоѓа оваа „sua“, што на локален дијалект значи „голема дупка“. Скалите се сместени на стратешка точка за да можат посетителите да стигнат до оваа заборавена дестинација и да се капат во кристално чистото море кое достигнува длабочина до 30 метри.

Малдиви

малдиви_resize

Се состои од 26 атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија. Поради прекрасните подводни корални пејзажи, Малдивите се една од најдобрите одредишта за нуркачите во светот. Островите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии од 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од два метри над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи.

Ko Phi Phi Don (Тајланд)

кофи_resize

Најголемиот остров на архипелагот Ko Phi Phi, а патем единствениот остров со постојани жители на овој архипелаг е островот Ko Phi Phi Don. Островот има варовнички состав и на него може да се стигне само со брод. Нуркањето овде е многу популарно, поради многу интересниот подводен свет и коралниот гребен кој е под заштита на државата. Ноќниот живот на овој остров е доста интересен. Забавите на плажа вклучуваат забавна програма со искусни акробати со оган.

Реката Futaleufú (Аргентина, Чиле)

n

Оваа река е формирана благодарение на глацијалните езера во Аргентина, поради што има кристална боја на аквамарин. Ги минува Андите и во водопади тече низ југоисточните падини на Чиле, каде што зависниците од адреналин се собираат помеѓу ноември и март, желни да ги скротат нејзините брзаци со сплав или кајак.

Ограничена со шуми и гранитни карпи, оваа фасцинантна река е исто така популарна меѓу риболовците, а ја посетуваат и љубителите на возење велосипед, пешачење и јавање.

Испрати коментар

Scroll To Top