Насловна / Вести / Судот пресуди, зградата кај Мајчин дом ќе се гради

Судот пресуди, зградата кај Мајчин дом ќе се гради

На денешната седница Уставен суд расправаше за претставките поднесени против ДУП И10, кој ја опфаќа и парцелата кај Мајчин дом. Судот донесе одлука да ги одбие сите претставки, со што И10 останува активен урбанистички план за тој регион.

Општина Аеродром е обврзана да ја почитува одлуката на судот, како институција со највисока надлежност за овој случај. За жал, исцрпени се сите механизми со кои Општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом.

Штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината.

Новите урбанистички планови се изработуваат за помалку урбанизираните делови, со цел да се заштити урбаното јадро од дополнителни градби. Овие планови се работат со повисоки стандарди, повеќе зеленило и повисок квалитет на живот. Дополнително, Општина Аеродром е во процес на создавање партиципативно тело за урбанизам, со што им овозможува на граѓаните, здруженијата и на стручните лица директно учество во урбанистичко планирање на населбата.

bolnica

Еден коментар

  1. ing.arh.Ljupco Atanasovski

    Ништо, ама баш ништо, а не некакви ветувања за додатно зеленило на парцелата, неможе да ја замени трагедијата со градење на овој огромен станбен објект на оваа несреќна локација. Сообраќајното решение и паркирањето се НЕРЕШИВИ на таа локација, загадувањето додатно ќе се зголеми поради натрупаноста на просторот и спречување на циркулацијата на воздухот. А што ако се почне и со градба на Новата Градска болница , на 5 метри позади овој станбен зид. Ова е тотална глупост. И кој ќе биде кривецот после се ова за сето ова . Ивица Коневски ?? / тој одамна докажа дека му е преку такво за сите злодела што ги направи за Аеродром / или можеби Златко Марин … Всушност НИЕ граѓаните сме најголеми кривци што имавме , а можеби сеуште имаме такви водачи…

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top