Насловна / Арт и дизајн / Реплики на гасни комори од Аушвиц проектирани од архитекти

Реплики на гасни комори од Аушвиц проектирани од архитекти

На овогодишното Венециско биенале за архитектура претставени се реплики на гасни комори и печки, кои за потребите на концентрациониот логор во Аушвиц, ги проектирале архитекти.

The Evidence Room е потресна изложба во централниот павилјон на Венециското биенале, која на посетителите им укажува на тоа дека Аушвиц од самиот почеток бил дизајниран да биде концентрационен логор за масовно убиство.repliki gasna komora (1)

Изложбата, според зборовите на професорот Роберт Јан ван Пелт од Универзитетот Ватерло, „претставува доказ за најголемото злосторство извршено од страна на архитекти“.

За потребите на оваа изложба, студентите од Универзитетот Ватерло направиле верни копии од гипс на гасните комори и печките, и тоа според оригиналните архитектонски проекти кои своевремено биле користени како доказен материјал.repliki gasna komora (3)

„Меѓу експонатите се и гасните распркувачи и капаците коишто служеле за упумпавање на смртоносниот гас Zyklon B и за херметичко затворање на просториите за затвореници“, пишува Dezeen.repliki gasna komora (7)

Гасните комори биле дизајнирани така што во еден ден можеле да ликвидираат 2.000 луѓе, а сето тоа било дизајнирано од страна на архитекти.repliki gasna komora (6)

Изложбата на Венециското биенале е отворена за јавноста до 27 ноември 2016 година.repliki gasna komora (5) repliki gasna komora (4) repliki gasna komora (2)

Испрати коментар

Scroll To Top