Насловна / Вести / Реконструиран Домот на млади во Штип

Реконструиран Домот на млади во Штип

1.Dom na mladi rekonstrukcija 8

Домот на млади во Штип, повеќе од четири децении беше главно збиралиште на младите штипјани. Не постои генерација која не поминала низ него, а да не била дел од легендарните концерти, забави, журки, изложби и други манифестации, кои со години наназад се организираа во овој култен објект.1.Dom na mladi rekonstrukcija 1

Историјата вели дека Домот на младите своевремено бил офицерски дом, изграден од војската во времето на кралска Југославија. Долго време тоа била неговата основна намена, но по Втората светска војна и формирањето на Штип како Општина, оваа локација и овој објект беа посветени на младите. Тука се организирале диско забави, џем-сешн свирки, разни дефилеа, промоции и слично.

1.Dom na mladi rekonstrukcija 2

Во втората половина на минатата година, почна реконструкција на овој објект, прва и најважна од неговото постоење. Финалето беше на празникот Четрсе, на првиот ден од пролетта, кога се собраа многу луѓе за да му покажат на Штип, што беше а што стана овој култен објект.1.Dom na mladi rekonstrukcija 9

Повеќе од шест месеци, локалната самоуправа го реконструираше овој стар и култен објект со цел да го обнови и со самото тоа да овозможи младите повторно во него да најдат засолниште за многу нивни таленти и интереси:

„Ова е стара зграда која останала уште од времето на кралска Југославија и објектот како таков издржал децении. Но сепак, со оглед на тоа што немаше никакви инвестиции, општината презеде чекори да го обнови објектот, да го реконструира и со тоа да му се врати стариот сјај. Многу генерации поминаа низ него, а со оваа обнова даваме нова шанса на некои нови генерации, на наши деца да се едуцираат овде. Има простор и за музика, и за балет, и за етно, и за забави и за уметност, но најважно е што спасивме еден објект од тотално руинирање. Го уредивме и дворот, асфалтиравме пристапна улица и паркинг простор, а следен чекор е и обнова на големиот чадор на летната сцена и средување на надворешниот амбиент“, изјави Илчо Захариев, градоначалникот на Штип.1.Dom na mladi rekonstrukcija 7 1.Dom na mladi rekonstrukcija 6 1.Dom na mladi rekonstrukcija 4

Инвестицијата во Домот на младите беше над 120.000 евра, од кои над 50.000 евра се обезбедени преку форумска сесија на Форумот на заедниците и Швајцарската Влада, а остатокот е инвестиција на локалната самоуправа.

Освен внатрешноста, следи уредување на надворешниот дел, односно големата дворна површина која со години беше место за летни диско забави и концерти на отворено на многу славни групи од бивша Југославија.

1.Dom na mladi rekonstrukcija 10

Испрати коментар

Scroll To Top