Насловна / Архитектура / Рајска куќа инспирирана од естетиката на Истокот

Рајска куќа инспирирана од естетиката на Истокот

Во густата вегетација на Калифорнија, во малиот град Рио Виста, создадена е вила која на прв поглед изгледа како вистинско луксузно, летно засолниште лоцирано на азиските острови. Оваа прекрасна вила е создадена од T + T Arquitectos, студио од Аргентина, со фокус на чист дизајн и целосно исполнување на желбите на своите клиенти. Оваа куќа се простира на 344 квадратни метри и крие ентериер што го комбинира источниот дух со модерен стил.

Istok

Идејата била да се создаде дом во ненаселен пејзаж со густа вегетација, во кој ќе се создаде интензивна врска меѓу станарите и природата. Различни теми биле разгледани за дизајнот на куќата, но сепак преовладувал минималистичкиот дизајн инспириран од Далечниот Исток.

Istok1

Нови технологии и локални природни материјали биле користени за изградба на куќата, во комбинација со рачно изработени ѕидни завеси од трска на првиот кат, кои се подвижни. Куќата фантастично комбинира црна боја, дрво и чисти линии и создава вистинска атмосфера на летна куќа создадена за уживање.

Istok2

Ѕидните завеси играат важна улога бидејќи нивната сенка придонесува за оптимизација на енергетските ресурси, помагајќи да се избегне појава на директна сончева светлина и зголемена температура во куќата, а со тоа и побарувачка за дополнителни уреди за ладење во текот на летото.

Istok3

Куќата се движи од поинтимна конструкција која содржи две спални соби и три бањи, до лесна структура во форма на отворен концепт во кој има дневна соба, кујна и трпезарија, а поврзувањето со базенот визуелно придонесува за пријатно просторно чувство. Поради ова, не постои јасна граница меѓу внатрешниот и надворешниот дел со цел да се зголеми интеракцијата на човекот и природата.

Istok4

Кујната и трпезаријата се украсени со трпезариска маса од цврсто дрво и чисти линии.

За целосно искористување на живописниот пејзаж, архитектите создале втора дневна соба која е поставена покрај базенот, до која може да се пристапи од дневната соба или од мал ходник украсен со мини базен што води до гаража.

Istok5

Дневната соба се карактеризира со природен и органски мебел во неутрални бои, а за дополнителен амбиент во текот на ноќта, се користеле ламби за на маса инспирирани од фенери, кои му оддаваат почит на источниот стил.

Istok6

Со дрвјата при рака, дрвени тавански облоги и летви во спалната соба, станарите го добиваат посакуваното чувство да останат во тропски рај.

Секоја бања во куќата е украсена со сиви мермерни мијалници со цел да се постигне полуксузно и зен чувство, како она што се добива во спа центар.

Istok7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top