Насловна / Арт и дизајн / Панкерите сакаа анархија а завршија со маици од $565

Панкерите сакаа анархија а завршија со маици од $565

Светски изложби / „Панк: Од хаос до висока мода“ во њујоршкиот музеј „Метрополитен“

punk (6)

Изложбата „Панк: Од хаос до висока мода“ во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, која ќе биде отворена до 11 август, не се занимава со револуционерниот туку со убавиот панк; следи како една нихилистичка поткултура замре а потоа се врати во живот на модерните писти. Иако панкерската естетика „направи-сам“ изгледа неспоиво со високата мода направена по мерка, двете се дефинирани со исти импулси на оригиналност и индивидуалност.

punk (1) punk (1) A visitor looks at her phone at the Metropolitan Museum of Art's exhibit, "Punk: Chaos to Couture," in New York Visitors view the Metropolitan Museum of Art's exhibit, "Punk: Chaos to Couture," in New YorkНа изложбата се изложени околу 100 различни панк стилови, почнувајќи од средината на 70-тите и лондонскиот бутик на Вивиен Вествуд и Малком Мекларен, и прикажува како високата мода почнала да ги „позајмува“ визуелните симболи на панкот и нејзиното влијание кај дизајнерите како што се Александар Меквин, Хелмут Ланг, Мијучија Прада и Џон Галијано, а филмовите и музиката од тој период ѝ дадоа уште поголема автентичност на изложбата.

Изложбата е поделена во седум тематски галерии. Првата целина од поставката му е посветена на њујоршкиот клуб CBGB каде што свиреле некои од најпознатите панк бендови, втората им е посветена на Малком Мекларен и Вивиен Вествуд и на нивниот бутик „Seditionaries“ на лондонската Kings Roud, третата на дизајнерите што го „шират визуелниот јазик на панкот“ обликуван со спојувањето на соцреализмот и уметничкиот израз, додека останатите четири галерии се занимваат со концептот „направи сам“.

punk (4)punk (7)„Препознатливата мешавина на референци кои се врзуваат за панкот е стимулирана  со уметничките правци како дадаизмот и постмодернизмот, така што има смисла оваа изложба да ја претставиме во музејот што прикажува поширок контекст на овие движења “, вели Томас Кембел, директор на „Метрополитен“. Дијалогот помеѓу модата и уметноста е она што го чини Институтот за костими така посебен.

„Откако започна, панкот имаше жестоко влијание врз модата. Панкот ја прославуваше индивидуалноста, креативноста и храброста на луѓето што не се плашат од самите себе и од начинот на кој се облекуваат“, рече Ендру Болтон, кустос во Институтот за костими.

punk (8) punk (13)punk (9) punk (11) Влијанието на панкот врз модата на италијанскиот дизајнер Џани Версаче е прикажано преку неговите фустани со златни и сребрени шпенадли и преку неговите кончени и кожни фустани извезени со метални боцки. На изложбата е прикажан и фустанот на Александар Меквин направен од црн синтетички материјал кој наликува на кеса за ѓубре и неговиот капут од најлон, како и јакната на Хелмут Ланг од сребрена и сина кожа со алуминиумска фолија. Панкерите сакаа анархија а заврија со маици од 565 долари. Тоа е приказната за новата изложба.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top