Насловна / Вести / П27 – проект за следење на процесот на преговорите со ЕУ во областа на животната средина

П27 – проект за следење на процесот на преговорите со ЕУ во областа на животната средина

Денес (25.12.2020) со посредство на платформата ZOOM се одржа првиот од трите семинари наменети за граѓанските организации во земјава, со цел зајакнување на нивните капацитети за следење на преговорите со ЕУ во однос на Поглавјето животна средина (Поглавје 27).  Станува збор за комплексен проект поддржан од Цивика Мобилитас, со времетраење од 18 месеци. Проектот се имплементира од страна на НВО Центар за климатски промени. Во фокусот на денешниот семинар беше излагањето на г-ѓа Јадранка Иванова, експерт за апроксимација во областа на животната средина, која во моментот е ангажирана во тимот за поддршка на преговорите на Албанија со ЕУ за Поглавјето 27. Таа укажа на сите важни аспекти во процесот на преговарање, временските рамки, како и влијанието на новата методологија врз пролонгирање на преговарачкиот процес.  Беа дискутирани приритетните области од животната средина кои се особено горливи проблеми за земјава, како загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот и климатските промени. Како резултат на овој проект граѓанските организации ќе изработат извештај (т.н. извештај во сенка) кој ќе има за цел да информира за состојбата во одредени подсектори од Поглавјето 27, ќе ги посочи недостатоците но и ќе ги афирмира евентуалните добри страни на нашите релевантни институции во процесот на преговорите со ЕУ за Поглавјето 27.

Capture1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top