Насловна / Вести / Остана само една женка северн бел носорог во програмата за спас на видот

Остана само една женка северн бел носорог во програмата за спас на видот

Најин и нејзината ќерка Фату се последните припаднички на видот северен бел носорог на планетата откако мажјакот Судан почина во март 2018 година.

Научниците се обидуваат да го спасат видот од сигурно изумирање со методите за вонтелесно оплодување.

нн_resize

По повлекувањето на 32-годишната Најин, Фату остана единствениот донатор на јајце клетки.

Колку што е познато, нема други живи мажјаци, а ниту една од преостанатите две женки од овој вид не може да носи младенче до крајот на периодот на гравидитет.

Северните бели носорози, кои всушност се сиви, слободно се шетале по просторите на неколку земји во источна и централна Африка, но нивниот број нагло се намалил поради широко распространето ловокрадство. Беа безмилосно ловени поради нивниот рог.

нн1_resize

Тимот на организацијата Biorescue, предводен од истражувачи од германскиот Институт Лајбниц, специјализиран за животни во зоолошка градина и истражување на диви животни, се трка со времето за да го спаси најзагрозениот цицач во светот.

„Експертскиот тим донесе одлука постарата од двете преостанати женки, 32-годишната Најин, да ја исклучи од понатамошната програма за собирање јајце клетки“, се наведува во соопштението на Biorescue.

nn_resize

Во предвид се земени годините на женката Најин и знаците на болест, прецизираат научниците, кои се надеваат дека ембрионите што ги прават од јајце клетките и замрзнатата сперма на мртвите мажјаци ќе можат да ги носат сурогат мајки.

„Бевме многу успешни со Фату. Досега имаме 12 ембриони на чист северен бел носорог. Многу сме оптимисти дека проектот ќе успее“, изјави за Ројтерс Дејвид Ндере, заменик-директор на одделот за истражување при кенискиот огранок на Wildlife.

Научниците веруваат дека првото младенче од северниот бел носорог ќе го дочекаат за три години, а побројна популација во наредните две децении.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top