Насловна / Екологија / Фабрика за селекција и третман на комунален отпад

Фабрика за селекција и третман на комунален отпад

fabrika_za_otpad_thumb.jpgГоран Ангелов е главниот
човек, кој стои зад Јавното
претпријатие „Дрисла“.
Исто така, Ангелов е
и прв претседател на
Асоцијацијата на локални
власти на Југоисточна
Европа, и поранешен
претседател на ЗЕЛС. Со
него разговаравме околу
депонијата Дрисла, како
таа функционира, со каква
опрема (механизација)
располага и како се
справува со предизвикот
наречен ОТПАД. Во
иднина отпадот ќе биде
суровина од која ќе се
црпи депониски гас и ќе се
користи за производство
на електрична (околу
3 МW) и топлотна
енергија за потребите на
објектите во депонијата.

Господине ангелов, вие сте
главниот човек кој стои зад ЈП
„Дрисла“, единствената локација
во Македонија која може да се
карактеризира како простор за
депонирање на отпад според
законските прописи и норми. Кои се
карактеристиките на оваа депонија?

Дрисла претставува депонија
со која стопанисува Јавното
претпријатие за депонирање на
комунален отпад „Дрисла“ – Скопје,
основано од градот Скопје во 1994
година. Регистрирана е за вршење
на следните дејности: обработка
и отстранување на безопасен
отпад, собирање на опасен отпад,
како и обработка и отстранување
на опасен отпад. Депонијата е
лоцирана во југоисточниот дел од
градот Скопје на оддалеченост од
14 км од центарот на градот. Се
простира на површина од 76 ха, со
проектен капацитет од 26.000.000
м3 депониран комунален отпад.
Во проектната документација се
планира дека ќе биде наполнета за
околу 30 години, но во досегашната
експлоатација од 16 години, истата
е исполнета до 33% од вкупниот
капацитет, а тоа укажува на фактот
што следните 30 години има начин
на депонирање, без претходна
селекција и искористување на
отпадот што може да служи како
секундарна суровина (хартија,
метал, стакло, пластика).

 
fabrika_za_otpad_1.jpg

Работи ли ЈП „Дрисла“ по
пропишаните европски и светски
стандарди за заштита на животната
средина, и доколку е тоа така,
по кои стандарди и прописи?

Депонијата Дрисла работи
според Законот за управување
на отпад од 2004 година, кој
е направен во согласност со
законите на Европска Унија и сите
пропратни акти кои произлегуваат
од тој закон одговараат на
европското законодавство.

 

Како што знаеме, на просторот што е
наменет за депонирање на отпад се
складира комунален и медицински
отпад. Како успевате да се справите
со огромните количини комунален
отпад, дали преку методите на
инценерација и/или пиролиза, или
пак се служите со други третмани?

На самата депонија применета
е технологија на санитарно
депонирање што подразбира
планирање и набивање на
сметот во слоеви и покривање
на истиот со инертен материјал.
Процесот на биолошко распаѓање
или ферментација на сметот е
предвидено да се одвива во две
фази: аеробна (со присуство
на кислород) и анаеробна (во
отсуство на кислород). Овие
фази соодвествуваат со фазите
на отворен смет (работна фаза) и
фазата на покриен смет (завршна
фаза). Проектираниот степен на
збиеност на сметот изнесува 0,70
т/м3. Складирањето на сметот се
врши во слоеви со вкупна висина
од 2,50 м. Притоа висината на
набиен смет изнесува 2,20 м, а 0,30
м претставува висина на инертниот
материјал. По достигнувањето
на висината од 2,50 м со помош
на градежна машина – компактор
се врши набивање на сметот.
Ова е централна операција во
технолошкиот процес со што се
запазуваат следните аспекти:
стабилност на телото на депонијата;
отстранување на можноста за
создавање воздушни џепови каде
би се собирал депонискиот гас
кој се создава со процесот на
разлагање на сметот; оптимално
пополнување на депонијата и
смалување на можноста за продор
на филтратот во подземните води.

 

Дали се точни гласините
дека се планира изградба на
дополнителна депонија која ќе
служи за складирање/ третман/
обработка на азбест – цемент?

За првпат и на единствено
место на територијата на
Република Македонија е
предвидена локација и е добиена
дозвола од Министерството за
животна средина и просторно
планирање на РМ за третман
на отпадот азбест- цемент во

депонијата Дрисла. Локацијата
што е предвидена за изградба на
депонијата за азбест-цементен
отпад е во кругот на постоечката
депонија. На планираната локација,
геомеханичките карактеристики
на теренот дозволуваат изведба на
ровови за складирање на азбест-
цементниот отпад. За објектот –
изградба на парцела за складирање
третман и/или преработка
на отпад (азбест-цемент) во
депонија Дрисла, с.Батинци, е
изработен Основен проект во кој,
согласно проектната програма,
се дефинирани следните објекти:
планирање на локација со изградба
на пристапните патеки, геотехничко
проектирање – стабилизација на
косини, хидротехнички инсталации
– одводнување на локација,
електротехнички инасталации
– осветлување на локација, и
архитектонско – конструктивни
објекти. Дефинирана е парцелата
на која е предвидено времено
складирање на 100.000 м2 кровна
површина – азбест-цементни плочи
(отпад), како и пристапните и
внатрешните патеки во локацијата
за пристап до депонијата и
придружните инфраструктурни
објекти. Предвидено е азбест-
цементните плочи да се складираат
во заштитни вреќи со димензии
1,00х1,00х0,70м, така што со
проектот е обезбеден простор за
складирање на 1.000 вакви вреќи,
кои ќе се поставуваат во две нивоа
– едни врз други, со заштитен земјен
слој меѓу нив. Вреќите со азбест-
цементен отпад ќе се складираат
во вештачки креирани ровови на
локацијата на Дрисла од двете
страни на новопроектираните
пристапни патеки, а како главна
заштита на околниот терен од
загадување се предвидени фолии –
геомембрани со кои се обвиткуваат
рововите и се покриваат веќе
складираните вреќи азбест-
цементен отпад. За целосната
реализација на овој проект се
предвидени 12.000.000,00 денари,
кои ќе се обезбедат од сопствени
приходи на Јавното претпријатие
за депонирање на комунален отпад
„Дрисла” – Скопје. Со изградбата
на депонијата за азбест-цементен
отпад ќе се овозможи заштита
на животната средина со самото
тоа што кога отпадот од азбест
ќе се депонира во соодветни
ровови специјално изградени за
таа намена и се прекрие со земјен
материјал, отпадот комплетно се
изолира од природните медиуми
и не претставува опасност
по животната средина.

fabrika_za_otpad_2.jpg 

Што мислите за искористувањето
на можностите што ги нуди
комуналниот отпад, односно
добивањето на топлина
и електрична енергија од
истиот? Има ли ЈП „Дрисла“
капацитет за вакво нешто?

ЈП „Дрисла“ има капацитет за
искористување на комуналниот
и медицинскиот отпад, и
тоа со набавката на новата
печка за медицински отпад
и изградбата и монтажата
на фабриката за селекција и
третман на комунален отпад.

 


За крај, дали можете да ни кажете
нешто повеќе околу тековните
и идните планирани проекти?

ЈП депонија Дрисла ги
планира следниве капитални
инфраструктурни инвестиции:
црпење на депониски гас и негово
искористување за производство
на електрична (околу 3 МW) и
топлотна енергија за потребите
на објектите во депонијата;
изградба и монтажа на фабрика
за селекција на комунален отпад
со капацитет од околу 500 тони
на ден или две линии по 20 тони
на час; изградба на класични
компостари со дневен капацитет
од 50 тони; изградба и монтажа
на био дигестор со капацитет
од околу 150 тони дневно;
монтажа на линија за третман
на градежниот отпад; изградба
на станица за прочистување
на депониски отпадни води.

 

Никола Нешкоски,
дипл.инж.за жив.средина

Испрати коментар

Scroll To Top