Насловна / Вести / Нови инфраструктурни проекти во Битолско Долно Оризари

Нови инфраструктурни проекти во Битолско Долно Оризари

Општина Битола почна со реализација на нови инфраструктурни проекти во битолското населено место Долно Оризари чие население при поројни дождови се соочува со поплави.

За изградба на атмосферската канализациона мрежа планирани се 13,7 милиони денари, а во проектот предвидена е и реконструкција на отворените бетонски и земјени канали во должина од 5.724 метри, изградбата на коловозот во должина од 1.800 метри за што ќе бидат вложени 8,2 милиони денари, најави градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.timthumb.php

-Со интервенцијата опфатени се сите поголеми канали кои ќе бидат земјени, а дел бетонски. Паралелно, почнуваме и со асфалтирање на улиците. Ова место беше најпроблематично за време на поројните дождови и поплавите, затоа што, оваа е една од најниските точки во нашата општина, изјави градоначалникот Талески.

Изведувач на активностите за изградба на атмосферската канализациона мрежа е КЈП „Нискоградба“-Битола.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top