Насловна / Вести / Најточните аеродроми и авиокомпании во светот во 2025 година

Најточните аеродроми и авиокомпании во светот во 2025 година

Аналитичката фирма „Cirium“ објави извештај за точноста на аеродромите и авиокомпаниите во 2025 година, истакнувајќи го Истанбул како Platinum Winner меѓу големите аеродроми, а „Катар ервејз“ како најточна авиокомпанија во светот.

Аеродромот во Истанбул (IST) доби највисоко признание за своите перформанси и сигурност, и покрај сложеноста на операциите во еден од најголемите европски јазли.

Аеродромот во Истанбул

Точноста на пристигнувањата и заминувањата во рок од 15 минути изнесувала 80,72 отсто, додека вкупниот капацитет на аеродромот е зголемен на 148 заминувања по час, благодарение на тројните независни писти.

Најточен голем аеродром според критериумите на OTP бил „Сантијаго Артуро Мерино Бенитез“ во Чиле со 87,04 отсто точност, додека меѓународниот аеродром „Токумен“ во Панама и „Гвајакил Хозе Хоакин де Олмедо“ во Еквадор ги предводат категориите на средни и мали аеродроми со 93,34 односно 91,47 отсто.

„Сантијаго Артуро Мерино Бенитез“ во Чиле

Меѓу авиокомпаниите, „Катар ервејз“ стана „Platinum Winner“ со 84,42 отсто точност на речиси 200.000 летови, благодарение на ефикасното управување во тек на геополитички и временски нарушувања.

Втора година по ред, најточна глобална авиокомпанија била „Аеромексико“ со 90,02 отсто точност.

Регионалните лидери ги вклучуваат „Филипин ерлајн“ во Азиско-пацифичкиот регион, „Делта ерлајн“ во Северна Америка, „Иберија експрес“ во Европа, „Копа ерлајнс“ во Латинска Америка, „FlySafair“ на Блискиот Исток и Африка, додека „Вирџин Атлантик“ е прогласена за најподобрена авиокомпанија со зголемување на точноста од 74,01 на 83,45 потсто.

„Cirium“ во извештајот напоменува дека структурните ограничувања во воздухопловството станале чест предизвик, а награди и признанија се доделуваат на компании и аеродроми кои успешно ја балансираат точноста, оперативната контрола и способноста за опоравок во текот на годината.

Испрати коментар

Scroll To Top