Насловна / Вести / Најмалиот населен остров во Хрватска: Шумска идила без автомобили и продавници

Најмалиот населен остров во Хрватска: Шумска идила без автомобили и продавници

Ошљак е најмалиот населен остров во Хрватска. Се верува дека тој бил населен уште од античко време, а се простира на површина од 0,39 квадратни километри во Задарскиот канал. Локалното население има и друго име за островот – Лазарет, бидејќи во 17-тиот век служел како болница каде биле изолирани болните од чума за целото задарско подрачје. Денес, островот е идилично место за одмор исполнет со прекрасна природа и традиционални куќи со медитеранска архитектура – вкупно околу 60-тина. Според пописот на населението од 2011 година, овде живеат 29 жители. Нивниот број се менува и со годишното време – во зимските месеци на Ошљак живеат 12 лица, а во летните месеци доаѓаат туристи. Една од посебностите на островот е тоа што мнозинството население носат исто презиме – Валчиќ, фамилија која овде се населила од островот Црес. Со најголем дел од островот доминира прекрасна парк – шума со густа вегетација од борови и чемпреси, како и маслинови стебла и карактеристични медитерански џбунести растенија.

osljak1

osljak3

Волшебната парк – шума е место на кое може да се видат неколку загрозени и строго заштитени видови на птици. Има црква од 6-тиот век (Св. Марија), стара селска населба од 17-тиот век, како и бункер од Втората светска војна. Автомобилскиот сообраќај по островот е строго забранет. Островот има одлична велосипедска патека, а до островот може да се дојде со траект. На островот нема ниту една продавница, а има само еден угостителски објект. На располагање се и една куќа за изнајмување и осум апартмани.

osljak4

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top