Насловна / Архитектура / Наградата на RIBA за животно дело за Шејла О’Донел и Џон Туми

Наградата на RIBA за животно дело за Шејла О’Донел и Џон Туми

172144
Златниот медал на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) годинава го добија ирските архитекти од Даблин, брачниот пар Шејла О’Донел и Џон Туми. Ако се гледа според мерките за награда за „животно дело“, шеесетгодишните Шејла О’Доннел и Џон Туми се релативно млади луѓе. Освен тоа, нивното архитектонско студио било основано дури во 1988 година. Меѓутоа, жирито нагласило дека тие успеале да ја исполнат задачата што си ја поставиле пред себе – да се создаде нов идентитет на ирската архитектура.

Centar na irskiot jazik

Центар на ирскиот јазик, уметност и култура

Во изминатите десетлетја О’Донел и Туми не само што проектираа, туку и активно се занимаваа со настава, теоретска критика и општествена активност, посебно со „реанимација“ на Асоцијацијата на ирските архитекти.

galerija na Luis Gliksman vo kolexot vo Kork

Галерија во Универзитетскиот центар во Корк

Стилот на О’Донел членовите на жирито го определиле како рационализам вдахновен од Ѓузепе Терањи, а Туми го опишале како приврзаник на „конструктивизмот“. Меѓутоа, нивните заеднички работи повеќе од сè се однесуваат на „локалниот“ лоу-тек со внимание кон материјалот, контекстот, деталите.

centar-odvnatre

Центар на ирскиот јазик, уметност и култура

Градбите на О’Донел и Туми биле пет пати номинирани за наградата Стерлинг, главна награда за архитектура во Велика Британија, што е своевиден рекорд досега. Но ја немаат добиено ниту еднаш. Можеби среќата ќе им се насмее во петтиот обид. Годинава тие влегоа во потесната листа за наградата со зданието на студентскиот центар при Лондонската школа за економија.

teatar Liriks

Театар „Лирик“

О’Донел и Туми се трет брачен пар, кој заедно добива Златен медал на Кралскиот институт на британски архитекти. Пред нив наградата ја имаа добиено Чарлс и Реј Имзам (1979)  и Мајкл и Патриција Хопкинс (1994).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top