Насловна / Архитектура / МоМА Њујорк: Изложба на бруталистичката архитектура од социјалистичка Југославија

МоМА Њујорк: Изложба на бруталистичката архитектура од социјалистичка Југославија

Музејот на модерната уметност во Њујорк MoMA (Museum of Modern Art) поставува изложба посветена на архитектурата во поранешна Југославија. Изложбата е насловена „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија во периодот 1948-1980“ (Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980 ). Се работи за прва изложба во САД во чест на архитектурата во овој социјалистички период.  Изложбата опфаќа повеќе од 400 цртежи, макети, фотографии и филмови од општински архиви, семејни колекции и музеи кои за прв пат се претставуваат пред меѓународен аудиториум. Ќе бидат претставени  делата на водечките југословенски архитекти од споменатиот период, меѓу кои и нашиот Јанко Константинов. Ќе се истражува и „брзата урбанизација, технолошкото експериментирање, конзумеризмот, спомениците и други обележја на југословенската архитектура“. Изложбата се отвора на 15ти јули и ќе трае до 13ти јануари 2019.

MoMA7

MoMA8

MoMA5

MoMA4

MoMA3

MoMA2

MoMA

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top