Насловна / Вести / MIT разви и произведе роботско срце со 3D печатач

MIT разви и произведе роботско срце со 3D печатач

Инженерите од Институтот за технологија во Масачусетс (MIT) успеале да развијат роботско срце, кое го произвеле со помош на 3D печатач. Роботското срце ќе им помогне на лекарите да ја прилагодат терапијата за пациентите со уникатна структура и функција на срцето. Персонализираното 3D печатено срце може да го контролира и имитира капацитетот ан пациентот „да пумпа крв“.  Процедурата започнала така што истражувачите ги претвориле медицинските фотографии на срцето на пациентот во тродимензионален компјутерски модел, кој потоа го направиле со помош на 3D принтер и мастило базирано на полимер. Прецизната реплика на срцето се создава како мека и флексибилна школка. Истата метода инженерите можат да ја користат и за печатење на аортата.

heart1

Тимот користел медицински снимки од 15 пациенти со аортална стеноза, како и фотографии на секој пациент со цел креирање на модел на лавата комора и аортата. Исто така, тимот сакал да репицира и некои од интервенциите кои ги имале пациентите, со цел да видат дало принтаното срце ќе реагира на сит начин. Научниците веруваат дека оваа метода во иднина може да биде исклучително корисна за пациентите.

heart2

 

Испрати коментар

Scroll To Top