Насловна / Архитектура / Куќи во Бугарија, современ архитектонски исчекор

Куќи во Бугарија, современ архитектонски исчекор

Архиктектурата во Бугарија направи голем исчекор кон современи проекти, пишува ArchDaily. Тоа се однесува и на станбената архитектура, последното дестелетие изградени се низа нови, модерни индивидуални куќи.

Во објектите на архитектонското проектантско биро I/O architects од Софија реализирани се современи идеи преку нивните проектите за семејни домови.

Куќа на помрачување

1.3_resize

Оваа куќа е сместена на периферијата на Софија. Сложеноста на програмата се соочува со големината на локацијата и на тој начин ја одредува структурата на куќата. Трите приказни се разликуваат по стратегија и големина.

1.1_resize

Првата приказна е под земја, но природно осветлена и директно поврзана со улицата и градината. Збиено и отворено приземје со мала градина сокриено е позади оградата.

Приватноста и сончевата светлина на големиот горен кат се внимателно контролирани со лизгачки панели во големи димензии. Кон улицата се изложени единствено лебдечкиот волумен од пигментиран цинк и слепиот влез, додека остатокот од сложената структура останува неоткриен.

1.2_resize

0_resize

Просторите внатре се интегрирани околу светлината на централниот атриум. Рефлекстирачкиот покрив на длабоката тераса го враќа вантре погледот на градината.

1.7_resize 1.6_resize 1.4_resize 1.9_resize 1.8_resize 1.5_resize

1.11_resize 1.12_resize 1.13_resize

Куќа за набљудување

2.1_resize

Куќата се наоѓа на рид на највисокиот агол на село среде земјоделско подрачје во североисточна Бугарија. Местото се одликува со панорамски поглед до каде допира хоризонтот. Дел од содржините се наоѓа во навидум слеп бедем, а станбениот простор  е подигнат над него.

2.2_resize 2.5_resize

Ова придонесува кон поглед 360 степени и приватност во потполно отворениот простор. Падот на кровот геометриски го поврзува горниот волумен со базата и додава сложеност на внатрешниот простор, додека големите стреи го поврзуваат со малата околна ливада и го нагласуваат ефектот на лебдење на тенката метална конструкција.

2.7_resize

Пропорцијата и материјалноста на цврстата база и даваат изглед на инфраструктурен објект кој го дефинира работ на селото и ја прикрива амбициозната програма на куќата. Единствениот отвор води  до влезниот хол / гаража. Во внатрешните простори доминираат облоги од локални видови дрво, што ја балансира грубоста на целата градба и нејзината околина.

2.14_resize 2.12_resize 2.3_resize 2.4_resize

2.11_resize

2.10_resize 2.13_resize 2.6_resize

2.17_resize 2.16_resize 2.15_resize

Долга куќа со блага косина

3.1_resize

Индивидуална семејна куќа. Голем простор за дневен боравок и трпезарија. Домашна канцеларија. Една главна спална соба. Две спални соби за гости. Голем простор за тераса. Гаража за три автомобили.

3.2_resize 3.4_resize

Куќата во близина на Трговиште е сместена на локација чија топографијата на парковското опкружување околу куќата наликува на антички театар. Долгата хоризонтална структура свртена е кон поволна ориентација кон сонцето и погледот во блага спротивставеност на падот. На овој начин влегувајќи дијагонално во куќата висината на просторите се менува во однос на нивниот степен на приватност.

3.5_resize

Внатрешната функција на просторот се надоплнува со скалите кои се дел од паркот, како и со терасатите дворови позади куќата. Монолитниот изглед на фасадите обложени со камен и предимензионирани архитектонски елементи од една страна и перспективните корекции на предните елементи од друга страна, на двосмислен начин го модулираат обемот на оваа градба.

3.6_resize 3.7_resize 3.9_resize 3.8_resize 2.18_resize 3.3_resize 3.12_resize 3.13_resize 3.14_resize 3.15_resize W:000 events exhibitions2015 MiesIO2nd stagesupportplans- W:000 events exhibitions2015 MiesIO2nd stagesupportplans-

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top