Копенхаген повторно е прогласен за најдобар град за живеење во светот, пред Виена и Мелбурн. Меѓу десетте најдобри се најдоа и Сиднеј, Цирих, Женева, Осака, Аделаиа, Ванкувер и Токио. Но, она што ги издвојува овие градови не е луксузот. Нивната најголема предност е начинот на кој е организиран секојдневниот живот на луѓето што живеат во нив.

Economist Intelligence Unit во својот Global Liveability Index за 2026 година, ги спореди условите за живот во 173 градови низ целиот свет. Оценките се формираат преку пет главни категории – стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, образование и инфраструктура.
Копенхаген е на врвот втора година по ред.
Кога се гледа што ги поврзува градовите што доминираат на вакви листи со години, одговорот не е во највисоките згради или најскапите квадратни метри.

Нивната предност е во тоа што градот е организиран околу животот на луѓето.
Добриот град овозможува повеќе пешачење, зеленилото е дел од секојдневието, важните работи се достапни и одењето на работа, вежбање, во парк или по дете не станува секојдневен логистички проект.
Со други зборови, најдобрите градови во светот им даваат на своите жители нешто што стана можеби највредно во големите метрополи.
Време.
Време што не го поминувате во автомобил. Време што не го губите движејќи се од едниот до другиот крај на градот. Време што останува за семејството, пријателите, здравјето и животот.
Можеби затоа најголемиот луксуз на модерниот град стана нешто сосема едноставно – секојдневниот живот да ви биде полесен.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија