Насловна / Вести / ЈСП: Градските автобуси сообраќаат редовно освен до Страчинци

ЈСП: Градските автобуси сообраќаат редовно освен до Страчинци

Од ЈСП Скопје известуваат дека по поплавите, сообраќајот на своите автобуси го враќаат во нормала, освен автобусот број 65а кој не може да сообраќа до Страчинци, поради непроодност на патот.

Се известуваат патниците дека почнувајќи од среда (10.08.2016 година) редукциите на линиите кои беа направени заради оштетен коловоз и непроодност на повеќе патни правци повеќе нема да важат.JSP-Skopje

Линија 65В ќе сообраќа по обиколница до клучката за село Страчинци; линија 65 ќе сообраќа по обиколница до село Раштак;  линија 65б до село Смилковци ќе сообраќа само со минибус; линија 55а од село Брњарци ќе сообраќа до крај; минибус на релација Раштак – Црешево.

Само линија 65а до село Страчинци нема да сообраќа, патот е се уште непрооден.

Обиколницата, која беше оштетена во поплавите е пуштена за сообраќај од вторник во 17.55 часот, во двата правци. Само на некои места кои се оштетени и треба да се санираат, сообраќајот се одвива по една лента

Испрати коментар

Scroll To Top