Насловна / Архитектура / Имагинативен музеј посветен на писателот на најубавите бајки ќе се гради под земја

Имагинативен музеј посветен на писателот на најубавите бајки ќе се гради под земја

Во данскиот град Оденсе, се планира да се изгради музеј посветен на познатиот дански писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен.музеј андерсен бајка (2)

По уште еден освоен конкурс, на кој ги победиле имињата како што се BIG, Snøhetta и Barozzi Veiga, архитектонското студио на Kengo Kuma го претстави своето решение за музејот во Оденсе, посветен на познатиот писател на бајките.музеј андерсен бајка (3)

Кога победничкиот проект бил претставен на јавноста за 211-тата годишнина од раѓањето на данскиот писател, веднаш може да се види дека неговите бајки имале силно влијание врз дизајнот на музејот.музеј андерсен бајка

Новиот музеј е дел од урбанистичкиот план на градот Оденсе. Површината од 9.000 метри квадратни е наменета за организација на музејот и отворениот простор околу него. Самиот музеј ќе зафати површина од 5.600 квадратни метри, од кои две третини ќе биде под земја, пишува Designboom.музеј андерсен бајка (4)

Победничкото решение, според мислењето на стручната комисија, во својот проект го содржи духот на креативноста на Андерсен, но исто така и на духот на градот Оденсе, и како таков е идеален за да стане дел од процесот на регенерација на градот, кој е во тек.музеј андерсен бајка (5)

Изобилството на зеленило, дизајнирано во кривулести форми, потсетува на сценографиите од бајките на Андерсен. Изложбениот простор, како и сите останати објекти и градини, ја прават уникатната целина која функционира во хармонија, што е и првичната идеја на авторот на проектот.музеј андерсен бајка (6)

Во тек се прибирање на финансиски средства за реализација на проектот, а новите информации се очекуваат кон крајот на годината.музеј андерсен бајка (7) музеј андерсен бајка (8) музеј андерсен бајка (9) музеј андерсен бајка (10) музеј андерсен бајка (11) музеј андерсен бајка (12)

Испрати коментар

Scroll To Top