Насловна / Вести / Градежен факултет-Скопје со учество во нова меѓународна мастер програма

Градежен факултет-Скопје со учество во нова меѓународна мастер програма

Професори од Градежен факултет- Скопје остварија успешна работна средба на Факултетот за геотехника – Вараждин при Универзитетот во Загреб, Р.Хрватска.
На средбата е дискутирано за развојот на новата заедничка мастер програма „MasterG“, во соработка со партнерските научни институции од Хрватска, Србија, Бразил, Иран и Р.Македонија. Новата студиска програма „Geohazards and Environmental Resilience“ е планирано да започне во септември 2027 година, со цел да одговори на клучните предизвици поврзани со одржлива инфраструктура и управување со ризици. Ова е уште една иницијатива на Градежениот факултет – Скопје која создава нови можности за македонските студенти.

Испрати коментар

Scroll To Top