Насловна / Архитектура / Град во град: Поранешна воена тврдина која денес привлекува голем број туристи

Град во град: Поранешна воена тврдина која денес привлекува голем број туристи

Ark of Bukhara (Ark Citadel) е монументална тврдина во северозападниот дел на Buharа – главниот град на истоимената покраина во Узбекистан, која привлекува голем број на туристи. Оваа земјена градба во облик на неправилен правоаголник е изградена уште во 5-тиот век како воена тврдина и резиденција на локалните владетели, но и учители и уметници.

bukhara1

bukhara2

Легендата вели дека е изградена од страна на народниот јунак Siyavush за својата сакана, и дека го обвивала речиси целиот тогашен град. Таа функционирала како „град во градот“ со државни канцеларии, библиотека, коњушница и слични простори од заеднички интерес. Целата тврдина опфаќа 9,8 хектари површина и се смета за најстара градба во Бухара. Височината на ѕидините е помеѓу 16 и 20 метри. Во текот на долгата историја, Бухара била под опсада многу пати, што предизвикало чести разрушувања и обнови. Како воено утврдување се користела се до руското освојување во 1920 година, кога добар дел од тврдината бил разрушен. Денес на овој простор се наоѓаат неколку музеи, кои сведочат за богатото минато на Бухара и околината.

bukhara3

bukhara4

bukhara5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top