Насловна / Арт и дизајн / Flatiron Lamp – комбинација од светот на оригами и на архитектурата

Flatiron Lamp – комбинација од светот на оригами и на архитектурата

Комбинацијата од светот на оригами и светот на архитектурата е она што е во основата на ламбата Flatiron. Самото име има две значења. Прво е референца на познатата зграда на Менхетен со триаголна форма. Потоа објаснува како е направена, почнувајќи од едноставен рамен лим од челик.

Flatiron е колекција ламби што се карактеризира со структура со визуелен ефект. Ласерски сечен челичен лим со едно превиткување, доволно е да се добие производ со препознатливост.

Почнувајќи од истражувања на подните ламби, дизајнерите од Mr Smith Studio се фокусирале на разбирање кој би можел да биде вистинскиот извор на светлина. Бидејќи целта на овој производ не е да биде техничка ламба, туку декоративна амбиентална ламба, Mr Smith Studio се определиле за дифузна светлина, а обликот на самата структура го ориентира зракот. Вложиле многу време во изборот на вистинскиот извор на светлина бидејќи целта била да биде топол и да може да се пригушува.

Bruno Munari еднаш рекол дека е лесно да се комплицираат работите, додека многу е потешко да се поедностават. Achille Castiglioni бил убеден дека дизајнерот треба да брише, брише, брише и на крајот да го пронајде основниот аспект на дизајнот. Flatiron произлегува од комбинација на овие две референци. Едноставен метален лим со само едно превиткување што го обвиткува изворот на светлина. Предизвикот бил да се сведе проектот на минимален број елементи.

Развојот на проектот траел четири месеци и се одвивал во Милано. Flatiron Lamp by Mr Smith Studio е добитник на наградата А’design Award Gold А’design award во категорија дизајн на производи за осветлување и светилки.

Испрати коментар

Scroll To Top