Насловна / Архитектура / Феноменален дом со впечатлив базен во Тел Авив

Феноменален дом со впечатлив базен во Тел Авив

Оваа станбена резиденција Pavilion House е вистински пример за модерна изградба, но со мал исчекор. Рамни линии, минимализам, dark и мистичен израз, монументалност, се само некои од главните карактеристики на овој дом во Тел Авив. Но, приказната станува уште поинтересна кога ќе се обрне внимание на базенот, кој е извонредно изведен, а кој е всушност и „носител“ на овој импресивен објект.телавив (3)

Тоа е базен кој од една страна има стаклен панел низ кој се добива една сосема нова перспектива, било за оние кои се во него или пак за оние кои гледаат од страна. Сето ова доаѓа до израз особено во текот на ноќите, кога екстериерот станува исклучителен и многу атрактивна кулиса сама за себе. Дека стаклениот ѕид не одиграл само клучна улога во изведбата на базенот, потврдуваат и стаклените ѕидови на куќата, кои на објектот му ја даваат потребната леснотија и транспарентност, но и врвна флуидност помеѓу ентериерот и екстериерот.телавив (4)

Кога се влегува во внатрешноста, веднаш се забележува дека покрај стаклото еднакви носители на целата приказна се и дрвото, каменот, неутралните тонови и дизајнерските внимателно одбрани парчиња на мебел кои даваат впечаток на елеганција и луксуз.телавив (5)

Ова феноменално здание е дело на израелските архитекти и дизајнери од студиото Pitsou Kedem Architects.телавив (12) телавив (11) телавив (10) телавив (9) телавив (8) телавив (7) телавив (6) телавив (2) телавив (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top