Насловна / Вести / Европа ги повикува возачите да ја намалат брзината за 10km/h, со цел да се намали потрошувачката на гориво

Европа ги повикува возачите да ја намалат брзината за 10km/h, со цел да се намали потрошувачката на гориво

Во контекст на растечката енергетска криза и нестабилните цени и залихи на нафта, институциите на ЕУ се погласно ги повикуваат возачите да ја намалат брзината на автопатиштата за 10km/h. Звучи како ситница, но бројките зборуваат поинаку. Физиката е на страната на оваа препорака. Отпорот на воздухот кој возилото го совладува, расте со квадратот од брзината, што значи дека разликата помеѓу 130 и 120 km/h не е линеарна. Според проценката на стручњаците, оваа разлика може да ја намали потрошувачката и до 10 и 15%, зависно од типот на возилото, временските услови и состојбата на патот. Ова посебно се однесува и на Euro 6 дизел возилата кои користат и течност AdBlue, па вкупните трошоци се поголеми.

Во пракса, за просечно возило кое троши околу 7 литри гориво на 100 километри, при  брзина од 130 km/h, со намалување на 120 km/h, потрошувачката би можела да се спушти на околу 6 до 6,3 литри. На патување од 500 километри, тоа значи заштеда од 4 до 5 литри. Се разбира, заштедата зависи од низа фактори – климатизација, број на патници, надморска височина, профил на теренот и старост на возилото. Сето тоа влијае на конечниот резултат. Во период кога цените на нафтата растат поради геополитичката криза, а секоја земја бара начини да ја заштити куповната моќ на граѓаните, токму ваквите мерки – едноставни и веднаш видливи, добиваат на значење.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top