Насловна / Арт и дизајн / Елегантен блок за цртање дизајниран од архитект

Елегантен блок за цртање дизајниран од архитект

Блокот за цртање Architools Notebook може да биде идеален новогодишен подарок.
Новиот прибор за архитекти, како и сите други, во моментов се промовираат на Kickstarter, кадешто се собираат средства за негов понатамошен развој.книга (4)
Architools Notebook има елегантен и сведен дизајн и за време на неговито осмислување се внимавало и на најмалите детали, како што е, на пример, повезот, кој овозможува целосно ширење без несаканите свиткување на страниците.книга (5)
Листовите се поврзани со методот Smyth за да можат целосно да бидат раширени, под агол од 180 степени, овозможувајќи полесно скенирање или копирање на страници.книга (3)
Идејата на креаторите на Architools Notebook била да се направи блок за цртање кој совршено ќе го придружува креативниот процес на архитектите, пишува ArchDaily.
A5 блокот за цртање имаминималистички дизајн со корици од 300 грамска хартија, додека внатрешните страници се со тежина од 100 грама.книга (2)
Постојат две варијанти на блокот. Првиот, со бакарен повез, а другиот, е нешто поевтин, без овој елегантен детал.книга (1)
Првите неколку страници на блокот се исполнети со корисни информации за архитектот. Во прилог на календарот, постојат и корисни графикони кои покажуваат информации за различни видови на хартија, големина на фонтот и слични нешта кои би можеле да бидат корисни за еден инженер.книга (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top