Насловна / Вести / Денес Советот на Општина Центар ќе расправа за конкурсот за локацијата на фабрика „Треска“

Денес Советот на Општина Центар ќе расправа за конкурсот за локацијата на фабрика „Треска“

Денес во Општина Центар во 13 часот ќе се одржи 41-ва седница на Совет на општината во сала на Совет (барака бр.6).

Дневниот ред на седницата содржи 15 точки, но она што е од особена важност за урбанистичкото планирање на Скопје е деветата точка на дневниот ред, разгледување на Граѓанска иницијатива за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата на фабрика „Треска“.

спвет_resize

По паушалните и нестручни изјави и мислења на советниците во општината дадени во медиумите, архитектите се спремни да ги изнесат своите стручни аргументи за потребата за конкурс на оваа локација со надеж дека иницијативата ќе биде профатена. Истите оние аргументи кои ги образложија минатиот петок на состанок со градоначалникот, кој ги прифати и изрази расположение да се организира конкурс. Ова е една од ретките шанси стручно да се покаже како се планира просторот за да се направи Скопје подобар град за живеење за сите негови граѓани. Шанса советниците кои сепак не се архитекти и недоволно стручни за оваа област да послушаат професионалци и конечно да го растеретат просторот од политички и профитерски интереси.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top